5 вештачки засладувачи и засилувачи за вкус кои го зголемуваат ризикот од рак

Вештачките засладувачи се создадени со цел да ги задоволат потребите за шеќер. Тие не содржат калории и не ги покачуваат триглицеридите и инсулинот во крвта. Засладувачи од овој тип се: ацесулфам калиум, мононатриум глутамат, сукралоза, аспартам и натриум бензоат. Но, за жал овие супстанции кога се консумирани од страна на човекот, се метаболизираат во токсични соединенија кои предизвикуваат метаболичка дисфункција, различни заболувања, па дури и рак.

Природните засладувачи се минимално обработени и содржат хранливи состојки. Тука спаѓаат шеќерот од кокос, меласата, јаворовиот сируп, стевиата,  медот и други. Овие природни засладувачи се многу подобри од вештачките, бидејќи со самата преработка се губат многу од хранливите материи и се зголемуваат последиците по здравјето.

вештачки засладувачи

Следниве вештачки засладувачи и адитиви за храна претставуваат закана за вашето здравје доколку се консумираат често.

Ацесулфам калиум

Ацесулфам калиум (ацесулфам-К) често се наоѓа и во други засладувачи како сукралоза за да се прикрие непријатниот вкус. Иако овој засладувач не го зголемува нивото на шеќер во крвта, тој го поттикнува лачењето на инсулин. Високите нивоа на инсулин предизвикуваат воспалителни процеси и може да го ослабат имунолошкиот систем. Овој засладувач дури и во мали дози може да предизвика артериосклероза бидејќи предизвикува абнормална функција на липопротеините. Ацесулфам калиум исто така е поврзан и со зголемен ризик од леукемија, рак на тимусот и дојката и хронични респираторни болести.

Мононатриум глутамат

Мононатриум глуматот (MSG) се користи како засилувач на вкус и конзерванс. Тој се додава на многу пакувани и конзервирани производи. Толку е опасен што центарот за медицина во Аризона верува дека овој производ го зголемува растот на канцерогените клетки и ја стимулира невротоксичноста. Неговата консумација е поврзана со разни здравствени нарушувања како главоболки, срцеви палпитации, лезии на мозокот и Пркинсонова болест. Некои истражувања покажаа дека овој засилувач предизвикува бавно труење на клетките во цело тело. Тој исто така се доведува во корелација и со аутизмот кај децата. Други испитувања покажаа дека мононатриум глутаматот е поврзан со хронично воспаление и оштетување на црниот дроб, разни автоимуни заболувања, па дури и со разни канцерогени промени.

Сукралоза

Овој засладувач се произведува со три атоми на хлор со високо обработена низа на реакции. Поради тоа тој ја оштетува цревната микрофлора. Биохемичарот д-р Џејмс Браун вели дека „сукралозата всушност претставува хлориран шеќер”. Тој предизвикува воспаление на бубрезите и црбиот дроб, и ја оштетува тимусната (градната) жлезда. Природните антисептички својства на хлорот ја оштетуваат микрофлората на цревата создавајќи микробиолошка нерамнотежа. Ова нарушување предизвикува хронични воспаленија и намален имунитет, што пак доведува до покачено присуство на кандида во органзимот, синдром на нервозни црева, дебелина, Кронова болест  и улцерозен колитис.

Аспартам

Аспартамот првично е одобрен во 1981 година за употреба во храната и тој е 200 пати посладок од шеќерот. Аспартамот е составен од фенилаланин (50%), аспартинска киселина (40%) и метанол (10%). Се покажало дека високите концентрации на фенилаланин предизвикуваат абнормални нивоа на серотонин во нервниот систем што резултира со депресија, емоционални и психотични нарушувања. Поединците кои редовно консумираат аспартам имаат вишок фенилаланин во нивните системи. Фенилкетонурија е нарушување во кое некои индивидуи не можат да го метаболизираат фенилаланинот. Затоа, аспартамот никогаш не треба да се консумира од доенчиња, бремени жени и доилки.

Некои истражувачи исто така откриле дека кога канцерогените клетките кога се подложени на аспартам, се ширеле. Доказите покажуваат дека покачените дози на аспартам го зголемуваат ризикот од рак на крвта, вклучувајќи лимфом и леукемија. Доколку аспартамот се консумира во големи количини и подолг временски период ја слабее функцијата на нервите, го стимулира растот на ракот и метастазите.

Натриум бензоат

Натриум бензоатот најчесто се додава во енергетските пијалоци и газираните сокови. Предизвикува нарушувања во нервниот систем како АДХД, астма и други воспалителни процеси. Кога натриум бензоатот е комбиниран со аскробиската киселина (витамин Ц) која често се додава во многу популарни пијалоци се формира високо канцерогено соединени – бензен. Бензенот е многу канцероген и предизвикува разни форми на рак, леукемија и лимфом. Многу истражувачки групи, вклучувајќи ја и Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), наведуваат дека доказите за натриум бензоатот се многу силни дека тој предизвикува рак кај луѓето. Затоа овој агенс е класифициран како канцероген.

Па, драги читатели секогаш дајте му предност на природните засладувачи и што е можно повеќе приготвувајте јадења во својот дом!

Ви препорачуваме да прочитате: Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер.

Сподели: