цреши

5 добри причини да јадете цреши

Вкусните цреши не само што се омилено овошје на повеќето од нас, тие исто така изобилуваат со голем број на состојки кои позитивно влијаат на нашето здравје. Тие се богати со растителни влакна, а имаат мала калориска вредност, така што во 100 грама цреши има само 63 калории.

Во текот на изминатите години научниците ја испитувале консумацијата на црешите како мерка за превенција на заболувања. Истражувањата покажале дека црешите имаат позитивно влијание при превенција и третман на следните болести.

Црешите помагаат во превенција од канцер и воспаленија

Растителните влакна, витаминот Ц, каротеинидите и антоцијанидите се четири состојки кои што превенираат појава на канцер, а се наоѓаат токму во црешите.  Цијанидинот кој што го има во црешите ги намалува слободните штетни радикали во телото, а со тоа влијае на превенирање на појавата и борбата против канцерот. Црешите се богати со фитохемикалии кои што се познати дека ги инхибираат ензимите кои што може да предизвикаат воспаленија во организмот.

Консумацијата на цреши го намалува ризикот од појава на Алцхајмерова болест

При едно истражување се испитувале состојките на црешите и притоа е утврдено дека тие се богати со корисни состојки кои ги штитат нервните клетки. Овие состојки кои ги содржат црешите го помагаат правилното функционирање на мозокот и влијаат за намалување на оксидативниот стрес, а со тоа го намалуваат ризикот од појава на Алцхамеровата болест.

цреши

Црешите го чуваат здравјето на срцето, го намалуваат високиот крвен притисок и појавата на мозочен удар

Поврзаноста на кардиоваскуларните заболувања и позитивното влијание на црешите е истражувано низ бројни студии. Со нив е утврдено дека антоцијанидите кои ги содржат црешите може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, така што штитат од инфламации, создавање на кардиоваскуларен плак и формирање на азотен оксид.

Во една порција цреши има 270 милиграми на калиум, во споредба со јаболката кои што имаат 148 милиграми и јаготките кои имаат 254 милиграми. Соодветната количина на калиум во телото помага за намалување на високиот крвен притисок и појавата на мозочен удар.

Може да ги консумираат лица кои страдаат од дијабетес

Како може црешите да помогнат при дијабетес, поттикнало голем број на научници да истражуваат на оваа тема, а особено да го утврдат влијанието врз намалувањето на инсулинска резистенција и интолеранцијата на глукоза. Исто така многу значајно при контролирањето на оваа болест е гликемскиот индекс, кој за црешите изнесува приближно 22, па може да се каже дека на основа на гликемскиот индекс, тие се подобро овошје во споредба со кајсиите (57), грозјето (46), праските (42), боровинките (40) и сливите (39).

За подобар сон јадете цреши

Мелатонинот кој што го има во црешите помага за подобар сон  и го намалува заморот.

Доволен број на причини за да каснеме некоја цреша!

Сподели: