боранија здрава храна

5 добри причини за да јадете боранија најмалку еднаш во неделата

Боранијата може да се најде во различни врсти и бои, но сите се здрави, било да е подготвена во манџи или салата. Таа е нискокалорична, но затоа е богата со растителни влакна и протеини. Само една чаша боранија содржи доволно протеини за цел ден.

Претставува ризница од витамини

Оваа здрава намирница е богата со витамин К кој има значајна улога во згрутчувањето на крвта и распределбата на калциум во организмот. Богата е и со витамин Ц, а содржи и витамини од групата Б, како што се Б1, Б2, Б3, Б6 и фолна киселина, како и витамин А.

боранија

Богата е со минерали

Боранијата содржи бакар, хром, магнезиум, калиум, натриум, фосфор и железо. Особено е корисно тоа што е богата со силициум, минерал кој е многу важен за здравјето на коските и сврзното ткиво.

Боранијата се препорачува при диети

Благодарение на изобилството на витамини и минерали, боранијата многу позитивно делува на организмот. Пред се, таа е исклучително диетална намирница богата со растителни влакна, па затоа се препорачува во диети за слабеење. Исто така, помага за регулирање на варењето на храната и подобрување на работата на цревата.

Може да помогне за намалување на холестеролот во крвта

Некои истражувања покажале дека боранијата допринесува за намалување на холестеролот, но за да се постигне оптимален ефект, најдобро е да се јаде кратко варена на пареа.

Има низок гликемски индекс и е погодна за дијабетичари

Сите врсти на боранија имаат многу низок гликемски индекс, а тоа значи дека се погодни за дијабетичари. И не само тоа, нејзиниот специфичен состав, богатството од растителни влакна и хром, ја прават боранијата корисна при регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Значајната содржина на витаминот К и силициумот ја прават една од најдобрите намирници за одржување на здрави коски и тетиви.

Ви препорачуваме да прочитате: Боранија – зеленчук со малку калории и многу железо.

Сподели: