јагоди за млада кожа

5 домашни рецепти со јагоди за помлада кожа

Подмладете ја кожата со јагоди! Искористете го нивното изобилсто деновиве и пробајте ги следните 5 домашни рецепти. Лицето, вратот, косата, очите, ќе ви бидат благодарни, а вие задоволни од убавите ефекти.

Јагодите не само што се вкусна храна во која уживаме. Јагодите се богати со витамин Ц, фолна киселина, цинк и железо, кои се неопходни за нормално функционирање на телото. Покрај тоа што содржат витамини и антиоксиданси, тие ја негуваат кожата оставајќи ја мека, здрава и нежна.

јагоди за млада кожа

Ова вкусно овошје може да се користи за природно третирање и подмладување на кожата, а тоа особено важи за кожата на лицето. Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат во тоа:

Маска од јагоди и мед

Со вилушка изгмечете 5 големи јагоди, додадете малку мед и добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја да делува половина час. Потоа, со млака вода и со кружни движења на дланките измијте го лицето. Оваа маска делува како благ пилинг кој и го враќа природниот сјај и хидратација на кожата.

Јагоди против отечени очи

Ако имате проблем со подочници или отечени очи, јагодите можат да ви помогнат да го решите тој проблем. Исечете ги јагоди на ситни мали парчиња (така што ќе можат да се стават под очите). Оставете ги да дејствуваат 10 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Маска против акни

Страдате од акни? Промешајте неколку јагоди со една лажица кисела павлака (додека добиете паста). Добиената смеса нанесете ја на проблематичните места. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Регенератор со јагоди

Ова е одлична маска за мека, мазна и сјајна коса. Испасирајте 8 јагоди и во нив додадете 1 лажица мајонез. Нанесете ја смесата на влажна коса и добро измасирајте ја, а потоа завиткајте ја косата во ќеса или капа за туширање, па обвиткајте ја во крпа. Маската оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете ја косата прво со млака вода, па со шампон.

Напомена: имајте на ум дека видливи резултати ќе има само ако третманите ги правите 2 до 3 пати неделно, а не само еднаш.

Сподели: