5 заблуди за алкохолот во кои луѓето веруваат

Ова се некои од најчестите заблуди за алкохолот, кој претставува серзиозен проблем доколку неговото консумирање стане секојдневна навика. Консумирањето алкохол и лекувањето на мамурлакот се теми кои служат како основа за раѓање на многу митови кои се распространуваат меѓу луѓето. Еве неколку широко распространети верувања за пиењето алкохол, како и вистината што се крие зад нив:

Само едно лоша навика

Алкохолизмот не е последица на некоја мана или лош карактер, како што обично се мисли, но преставува сериозно заболување што навреме треба да се забележи и лекува. Алкохолот е отровен за организмот и го зголемува ризикот за развој на повеќе од 60 заболувањарак, срцеви болести, висок крвен притисок, депресија, цироза на црниот дроб и други.

заблуди за алкохолот

Го подобрува расположението

Често луѓето во пијалакот бараат утеха, но алкохолот е активатор на депресијата. За време на пиењето се зголемува нивото на адреналин што визуелно може да предизвика чувство на релаксација, додека организмот всушност трпи дополнителен стрес и напнатост.

Добар за циркулација

За време на студените денови луѓето често пијат алкохолни пијалаци за да се загреат. Оправдување за ова наоѓаат во фактот дека организмот веднаш ќе се загрее по првата чашка. Точно е дека се чувствува пријатна топлина и лицето заруменува, но ефектот е само привремен. Вистината е дека алкохолот предизвикува проширување на крвните садови со што се зголемува намалувањето на телесната температура.

Можам да престанам кога и да посакам

Голем број луѓе може да престанат кога и да одлучат, но ова откажување во просек трае до шест месеци. По тоа опивањето повторно станува модел на однесување. Погрешно е да се осуди семејството и општеството кога зависниците не истрајуваат во намерата да престанат со пиењето. Тоа е комплексен и долготраен процес, што мора да биде придружен со стручен надзор.

Алкохоличарот е скитник, пропалица, безработник, бездомник…

Алкохолизмот не ги бира луѓето според полот, возраста, образованието. Алкохоличар може да биде и примерна личност која оди на работа, ценет е работник, но по работното време или  време на викендот подлегнува на желбата за пијалак. Затоа, пијте умерено!

Ви предлагаме да прочитате: Aлкохол за среќа и ослободување од стрес, да или не?

Сподели: