Декорација - ружа од тиквичка

5 идеи за декорација од зеленчук

Ниту една прослава не би можела да помине без прекрасни декорации на трпезата, било тоа да се од направени од храна или пак различни декорации од салфетки и други елементи. Затоа ви предлагаме топ 5 идеи за декорација од зеленчук кој може секој да ги направи.

Декорирајте ја трпезата со совршени ружи од цвекло

За да направите ружи од цвекло со кои ќе се гордеете пред своите гости не се неопходни кој знае какви кујнски алатки и вештина. Потребно е малку труд, малку внимание и многу љубов и желба да се направи нешто убаво. Видеото за да направите ружи од цвекло погледнете го тука.

Исечете спирала од компири

Нели е интересно да се јаде спирален помфрит? А ако мислите дека е тешко, ве уверуваме дека воопшто не е и ако го отворите краткото видео ви гарантираме дека и вие дома ќе си направите совршена спирала од компири.

Совршена декорација ружа од тиквичка

Ако посакувате посебно впечатлива декорација на вашата трпеза за некоја свеченост или било каков убав повод, пробајте да направите ружа од тиквичка. Тоа е интересен начин за да ги испробате своите вештини и да ја подобрите креативноста во кујната и сервирањето на храната. Видеото за да направите ружа од тиквичка погледнете го тука.

Декорација - ружа од тиквичка

Гарнирајте со креативни цветoви од морков

Ништо не е тешко доколку го знаете вистинскиот начин тоа да го изведите. Доколку пробате ќе се уверите дека и вие умеете да направите прекрасни цветoви од морков, кои можат да ви послужат како украсен елемент на салата или одличен гарнир со месо! Погледнете го краткото видео.

Брановидна краставица за гарнирање

Краставица со брановиден изглед е секогаш одлична идеја за гарнирање. Фантастично изгледа, потребни ви се само неколку минути за изведба, а баш е декорација која мами погледи и насмевки. Пробајте и ќе се уверите во тоа! Погледнете го краткото видео.

Ви предлагаме да прочитате: 5 идеи за декорација од овошје.

Сподели: