велигденски козињак

5 избрани рецепти за велигденски козињак (плетенка, милиброд)

Традиционално за Велигденските празници во некои краеви на Македонија, се припрема козињак, кој што се нарекува и како милиброд или плетенка. Токму за таа цел, направивме избор на најдобрите испробани рецепти за велигденски козињак, од кои може да си изберете рецепт по ваша желба и да ја збогатите празничната трпеза.

Велигденски козињак (милиброд) со суво грозје и портокал

Овој рецепт повеќе пати е испробан во нашата кујната, а има фантастичен вкус. Доколку се одлучите да го направите за празниците, ви гарантираме дека нема да погрешите со изборот. Рецептот за козињакот (милиброд) со суво грозје и портокал, прочитајте го тука.

велигденски козињак милиброд плетенка

Празничен Велигденски венец

Се ближи Велигден, па празничното расположение е тука и припремите за прекрасните моменти кога се собира целото семејство се во тек. По тој повод, креативната Лидија ни предлага рецепт за превкусен Велигденски венец кој може да го направите деновиве и да се почестите со своите најмили и најблиски.

Козињак со мак (милиброд)

Пролетта е време за убави нешта, празнување и семејни собири, а козињакот мора да биде дел од тие настани! Израдувајте ги своите најмили и сервирајте им превкусен козињак со мак, а доколку ви остане малку време направете кафе и поканете ги пријателите на дружба! Рецептот за козињакот со мак, прочитајте го тука.

Козињак со лимон и суво грозје

Се подготвува и изгледа многу интересно, а се прави од тесто и прекрасни ароматични овошја. Ретко која домаќинка не посакала да сплете вака симпатична плетенка од тесто, па затоа ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за ароматичен козињак со лимон и суво грозје кои му даваат тропски сензационален вкус!

Празнична плетенка – венец со суво грозје

Секоја домаќинка со голема желба ја припрема празничната трпеза, па затоа најубавите рецепти се добредојдени. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој интересен рецепт за празнична плетенка – венец со суво грозје која има декоративен изглед и одлично би се вклопила на секоја свечена трпеза.

Ви предлагаме да прочитате: Велигденски јајца на 5 начини.

Сподели: