рецепти за слатко од јаготки

5 избрани рецепти за слатко, мармалад, џем, компот и сок од јагоди

Најдобрите 5 рецепти за слатко, мармалад, џем, компот и сок од јагоди, на едно место! Јагодите, овој период може да се најдат на пазарите по пристапни цени, па вреди да одвоите малку време и да направите вкусно слатко, освежителен мармалад, џем за 10 минути, компот без шеќер или сок од јагоди, кои не содржат конзерванси.

Домашно слатко од јагоди

Домашното слатко од јагоди е прав избор за засладување кога ќе ви се најават гости, а може да го користите за подготовка на торти и колачи или пак како прелив за овошен сладолед. Одличен рецепт за слатко од јагоди ни испрати Клара, кој може да го прочитате тука.

рецепти за слатко од јаготки

Домашен мармалад од јагоди

Омилен ви е мармаладот од јагоди? И ние кога би избирале сигурно би го ставиле на прво место, од листата на домашни мармалади. А, домашно си е домашно од повеќе причини. Рецептите за домашните мармалади најчесто се прават од свежо и здраво овошје и не содржат конзерванси, за кои се знае дека се штетни по здравјето на луѓето, а речиси ги содржи секој мармалад кој ќе го најдете во маркетите. Рецептот за овој мармалад од јагоди прочитајте го тука.

Направете дома џем од јагоди за 10 минути

За само 10 минути можете да направите превкусен џем од јагоди. Пробајте го овој брзински рецепт и уживајте во неизмерно убавиот вкус!

Домашен компот од јагоди

Овој пат ви предлагаме да направите домашен компот од јагоди, кој е 100% природен и не содржи конзерванси, а сигурно ќе ве освежи вас и вашите најмлади членови во семејството. Ние го направивме компотот од јагоди без шеќер, а ако сте љубител на поблаги компоти, може да додадете ванилин шеќер за збогатување на вкусот или шеќер по желба. Рецептот може да го прочитате тука.

Сок од јагоди – сируп за растворање

Уживајте во освежителниот сок од јагоди преку целата година! Вака припремениот сок од јагоди може да го замрзните или да го чувате во стаклени шишиња преку целата година. На кој начин да го складирате ви гарантираме одличен вкус за целото семејство. Рецептот може да го прочитате тука.

Ви предлагаме да прочитате: Како правилно да замрзнете јагоди?

Сподели: