posen namaz od tikvicki 1

5 здрави и испробани рецепти за посни намази

Секогаш правете здрави избори! Купечките намази често пати содржат конзерванси и други адитиви, па избегнувајте ги. Наместо тоа, пробајте ги овие рецепти за посни намази.

Има рецепти за сечиј вкус! Намаз со маслинки, домати и модри патлиџани, туна и компири…

Посен намаз од тиквички

Еве нешто ново, интересно и вкусно за јадење, како што досега не сте пробале. Од кујната на нашата пријателка Диана ни доаѓа нов рецепт за посен намаз од тиквички и грав, кој верувајте вреди да го пробате во првата прилика.

рецепти за посни намази

Намаз од домати и модри патлиџани

По изгледот многу потсетува на ајвар, а по вкусот се разликува многу! Овој прекрасен намаз од домати и модри патлиџани е успешен резултат од кујнскиот експеримент на нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone. Рецептот, прочитајте го тука.

Брз намаз од туна и компири

Наместо да ја јадеме како секој ден, може да ја претвориме во многу симпатичен оброк! Вкусот на овој намаз од туна и компири е интересен и одличен за размрдување на дегустативните сетила. Рецептот за овој намаз прочитајте го тука.

Вегетаријански намаз од зеленчук

Вкусно, посно, нискокалорично, без глутен и здраво! И овој пат Невена ни испрати прекрасен рецепт за вегетаријански намаз од зеленчук, кој не содржи конзерванси, брашно и други адитиви.

Здрав намаз – домашна паштета од маслинки

Направете мала промена во утринското мени и внесете го одличниот вкус на фантастичната и здрава домашна паштета од маслинки. Деликатесен и здрав намаз совршен за сите генерации! Рецептот за здравиот намаз од маслинки, прочитајте го тука.

Кој рецепт од оваа листа на посни намази ви е омилен?

Ви предлагаме да прочитате: 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити.

Сподели: