letni dekoracii od ovosje 1

5 летни декорации од овошје и зеленчук

Модерното и декоративно сервирање на храната се повеќе станува навика и секој од нас се труди да направи не само вкусна туку и декоративна трпеза. Летото е период кога има многу свечености како свадби, коктел забави и родендени. А трпезите секогаш се разубавени со летни декорации од овошје и зеленчук. Елегантно изрезбани лубеници, јаболка, цветови од моркови…

Доколку ви се потребни идеи за да ја направите својата трпеза поатрактивна ви предлагаме 5 летни декорации од овошје и зеленчук. Со малку труд и време и вие може да направите креативно дело кое сигурно ќе го привлечи вниманието на вашите гости.

летни декорации од овошје

Елегантна декорација на лубеница

Декорацијата на лубеница, воопшто не е тешка за изведување, а ќе изгледа уште попривлечна. Она што ви е потребно е мала лубеница и остар нож. Техниката за декорација на лубеница, погледнете ја на видеото.

Лепеза од јаболко

За да направите лепеза од јаболко, која што освен што ќе ви ја краси трпезата и ќе ви ги радува очите, исто така може да се јаде. Потребно ви е јаболко кое е здраво и свежо, а бојата може да биде, зелена, црвена или жолта според тоа што вие сте го замислиле или пак според другите бои кои сте ги предвиделе за декоративниот изглед на јадењата, приборот, а и целата трпеза. Затоа, ви предлагаме да го погледнете видеото за изработка на лепеза од јаболко.

Совршена декорација ружа од тиквичка

Ако посакувате посебно впечатлива декорација на вашата трпеза за некоја свеченост или било каков убав повод, пробајте да направите ружа од тиквичка. Тоа е интересен начин за да ги испробате своите вештини и да ја подобрите креативноста во кујната и сервирањето на храната. Видеото за да направите ружа од тиквичка погледнете го тука.

Гарнирајте со креативни цветoви од морков

Ништо не е тешко доколку го знаете вистинскиот начин тоа да го изведите. Доколку пробате ќе се уверите дека и вие умеете да направите прекрасни цветoви од морков, кои можат да ви послужат како украсен елемент на салата или одличен гарнир со месо! Погледнете го краткото видео.

Брановидна краставица за гарнирање

Краставица со брановиден изглед е секогаш одлична идеја за гарнирање. Фантастично изгледа, потребни ви се само неколку минути за изведба, а баш е декорација која мами погледи и насмевки. Пробајте и ќе се уверите во тоа! Погледнете го краткото видео.

Ви предлагаме да прочитате: 5 идеи за декорација од овошје.

Сподели: