храна за стабилен шеќер во крвта

5 намирници за стабилен шеќер во крвта

Исхраната со интегрални намирници од растително потекло е еден од наједноставните начини да се одржи стабилен шеќер во крвта. Покрај тоа, таа помага за константно ниво на енергија, расположение па и контрола на чувството на глад.

За да одржите стабилно ниво на шеќер во крвта, променете ја исхраната и дајте му предност на намирниците богати со растителни влакна во однос на намирниците кои се богати со рафинирани и додадени шеќери, преработената храна и намирниците од животинско потекло (за кои некои истражувања покажуваат дека нагло го зголемуваат инсулинот).

Еве неколку вкусни растителни намирници кои ќе ви дадат енергија, витамини, минерали, растителни влакна, здрава масти и одредена количина на протеини, кои позитивно ќе влијаат на нивото на шеќер во крвта.

Зелениот лиснат зеленчук е богат со магнезиум

Во оваа група спаѓаат:

Сите овие намирници поволно делуваат на нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа тие се многу богати со магнезиум, а неодамна е откриено дека нивото на магнезиум допринесува за регулација на шеќерот во крвта. Најдобро е да ги консумирате кратко приготвени на пареа, но може да се користат и свежи, како додаток во зелени смуди.

намирници за стабилен шеќер во крвта

Јадете семки 

Потрудете се да консумирате семките како што се:

Тие се одлични извори на витамини, минерали (особено магнезиум), железо и протеини. Нивното богатство со квалитетни протеини ја подржува регулацијата на шеќер на сите нивоа. Тие ќе ви дадат и чувство на ситост. Може да ги додадете во утринската каша, смуди, па и во супи и салати.

Пијте какао

Зрната од какао се сметаат како најдобар извор на магнезиум. Освен тоа тие се богати со растителни влакна, железо и хром. За хромот е познато дека помага во намалување на нивото на шеќер во крвта. Додајте какао во смуди или едноставно направете си какао напиток.

Грицкајте бадеми

Бадемите се одличен извор на магнезиум, а го имаат најповеќе од сите јаткасти плодови. Покрај тоа, богати се и со хром. Наместо да грицкате чоколадо, чипс и слично, изедете една рака бадеми – тоа ќе ве заштити и му годи на здравјето.

Белите заменете ги со интегрални житарици

Можеби ќе ви изгледа чудно, но консумацијата на овес, амарант, интегрален ориз исто така допринесува за стабилно ниво на шеќер во крвта, особено ако ги јадете наместо производите од рафинирани житарици и тестенини. Интегралните житарици содржат растителни влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќер и имаат значително помал гликемски индекс од белиот леб, кифли, шпагети и слично.

Совет плус: во чајот, кафето и салатите додајте малку цимет. Циметот е богат со хром и е еден од зачините кои се најпрепорачливи за сите кои сакаат да го регулираат нивото на шеќер во крвта, како и за дијабетичарите.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да одржите нормално ниво на шеќер на крвта?

Сподели: