5 намирници кои може да ги замрзнете 1

5 намирници кои може да ги замрзнете и најдобри начини како да го изведите тоа

Ви припремивме листа на неколку намирници кои може да ги замрзнете и да го одложите нивното расипување. Ако правилно знаете да ги замрзните, нивниот квалитетот нема драстично да се измени и ќе може да уживате во нив во време кое ќе го изберете самите.

Може да ве интересира: Совети за правилно чување на храната во фрижидерот.

5 намирници кои може да ги замрзнете 2

Банани

Собната температура го забрзува процесот на распаѓање, заради тоа доколку не можете да ги изедете сите одеднаш, ставете ги во фрижидер или замрзнувач. Доколку решите да ги замрзнувате, треба да знаете дека најдобро е да се замрзнат кога се презреани и треба да бидат без кора.

Авокадо

За почеток треба да го чувате херметички затворено во сад со малку лимонов сок и до неколку дена. Додека во замрзнувачот, можете да го чувате и до период од неколку недели.

Магдонос

За најдобро да го сочувате неговиот квалитет и органолептички карактеристики, замрзнете го претходно складиран во пластичен сад.

Домати

Можете да ги замрзните, а посебно ако забележите дека омекнуваат и не можете да ги користите. Добро ќе ви користат за подготовка на сосови или манџи во текот на зимата. Прочитајте ја постапката за правилно замрзнување на домати.

Маргарин и путер

Слично како и магдоносот, најдобро е да ги складирате во херметички затворен сад, па да ги замрзнете. Ова е важно како заштита од претходна контаминнација со патогени бактерии.

Ви препорачуваме да прочитате: Спречете создавање на мраз во фрижидерот за замрзнување.

Сподели: