5 намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер

Фрижидерот е еден од најпотребните апарати во домаќинството чија задача е да ја одржува храната свежа. Но, дали знаете кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер, затоа што тоа може да влијае на нивниот квалитет?

Леб

Чувањето на лебот во фрижидерот не е препорачливо, поради тоа што побрзо ќе се исуши, а со тоа ќе изгуби квалитет. Најдобро е лебот да го чувате на собна температура и тоа не подолго од 2 дена. А ако ви останал повеќе леб од претходниот ден, нема потреба да го фрлате. Ви препорачуваме да го искористите и да направите солена торта од бајат леб, ќофтиња од бајат леб или лебни трошки.

Лук

Лукот нема потреба да го чувате во фрижидер, затоа што тој ќе остане во добра состојба и на собна температура. Она што што може да направите е главицата лук да ја поделите на чешниња, затоа што на тој начин воздухот подобро ќе циркулира, а тоа овоможува лукот да остане свеж подолго време, без да се исуши.

Домати

Сигурно и вие доматите ги чувате во фиржидер. Но дали знаете дека доматите најдобро е да ги чувате на собна температура и притоа да имате во предвид да не се изложени на директна сончева светлина? Чувањето на домати во фрижидер, допринесува тие да ја изгубат својата цврстина и свежина, а со тоа стануваат меки и безвкусни. Меѓу другото се скратува и рокот на траење на истите.

намирници фрижидер

Кромид

Причината поради која не треба да го чувате кромидот во фрижидер е многу едноставна: непријатните мисири од кромидот може да се рашират во фрижидерот, а со текот на времето може да се појават црни дамки. Затоа најдобро е кромидот да се чува на темно место, во ќеса со отвори која ќе обезбеди добра циркулација на воздухот. Притоа внимавајте да не чувате кромид и компири на исто место, бидејќи за време на чувањето компирот ослободува гасови и влага кои може да се наталожат на кромидот.

Кафе

Некои луѓе практикуваат кафето да го чуваат во фрижидер за да се задржи неговата свежина. Тоа воопшто не е точно. Кафето има особина да ги апсорбира останатите миризби со што се губи неговиот вкус. Дополнително и кондензацијата која настанува во фрижидерот може да влијае како на вкусот и на квалитетот на кафето. Поради тоа најдобро е до чувате во херметички затворен сад на собна температура.

Сподели: