prirodni lekovi protiv arterioskleroza 1

5 намирници кои се природни лекови против атеросклероза

Атеросклерозата уште се нарекува артериосклероза, а е состојба која вклучува стеснување на крвните садови. Обично се јавува кога лицето во подолг период практикува нездрава исхрана, а во оваа прилика ве информираме кои 5 намирници се природни лекови против атеросклероза.

Атеросклерозата е појава која настанува кога мастите кои се акумулирани врз ѕидовите на артериските крвни садови се наталожиле во голема мера, па предизвикуваат опструкција, односно нивно стеснување. Таквото блокирањето на крвните садови ги зголемува причините за прекинувањето на работата на срцето, а покаченото ниво на холестерол во крвта, во најголема мера е предизвикано од нездрава исхрана, иако како значајни ризик фактори се возраста и стресот.

5 намирници кои се природни лекови против атеросклероза 2

Природни или народни лекови за кои е познато дека помагаат во контрола на атеросклерозата, а се лесно достапни во секој дом се следните:

Мед и лимон

Мед и лимон се позната комбинација која спречува опструкција на крвните садови. Оваа комбинација ги зајакнува ѕидовите на артериите. Секоја вечер изедете мешавина од лажица мед и сок од лимон.

Ананас

Ананас е одлична храна за лица со артериосклероза. Спречува создавање на крвни згрутчувања и спречува настанување на воспаленија ако се оштетени артериите.

Ѓумбир

Ѓумбирот помага со спречување на зголемувањето на бројот на тромбоцити. Го намалува крвниот притисок и ги штити артериите од стврднување, осносно ја подобрува нивната еластичност.

Гинко билоба

Гинко билоба го намалува воспалувањето на артериите и згрутчување на крвта. Ги зајакнува и придонесува за еластичноста на артериите. Тоа е познато како најстарото стебло во светот со исклучителните ефекти врз здравјето. Содржи гинколиди и флавониди кои ја подобруваат циркулацијата во подрачјето на капиларите и хранењето на ткивата. Силното антиоксидантно дејство го намалува штетното дејство на слободните радикали на ткивата и крвните садови. Силно се препорачува при ослабена циркулација во горните и долните екстремитети (постојано студенило), трпки во рацете и нозете, за превенција од мозочен и срцев удар. Поради својата заштитна улога добар е и за децата, но особено им се препорачува на оние што водат нездрав начин на живот како пушачите, старите лица и оние со комплицирани професии.

Зелен чај

Зелениот чај помага во регулација на крвниот притисок и го штити организмот од ефекти на слободните радикали и помага во превенција на кардиоваскуларни болести.

Ви предлагаме да прочитате: Исхрана за превенција на срцев удар.

Сподели: