5 намирници кои спречуваат стомачни тегоби и мачнина 1

5 намирници кои спречуваат стомачни тегоби и мачнина

Оваа храна и чаеви работат во корист на вашиот стомак. Независно од причината, на желудникот му е потребно „да земе здив“ од оптеретувањето. Доколку почувствувате стомачни тегоби или мачнина, еве што може да направите.

Овие домашни лекови ското сите ги имаме во нашата кујна или пак се лесно достапни. Кога е во прашање здравјето треба да се проба, а ако тегобите не се лесни и ги чувствувате многу изразено, најдобро е да посетите лекар.

5 намирници кои спречуваат стомачни тегоби и мачнина 2

Нане и чај од нане

Нането е незаменливо кога станува збор за желудникот во било која и форма да го консумирате. Чајот од нане ги смирува грчевите на желудникот и ја намалува надуеноста. Истовремено, го опушта подрачјето помеѓу желудникот и хранопроводот, а ова може и да ви предизвика појава на киселини. Така, ако сте склони кон тоа, а не сакате да ви се случува, чајот од нане може да го замените со чај од камилица, кој исто така ќе помогне во смирување на желудникот. Избегнувајте мастики од нане со вештачки засладувачи, бидејќи и тие може да предизвикаат надуеност, гасови и подждригнување.

Јаболкова киселина

Јаболковата киселина го смирува желудникот, кога извор на тегобата е недостаток на желудочна киселина. Покрај тоа, јаболковата киселина содржи и доста хранливи материи, како што се витамините Ц и Б, кои дополнително позитивно ќе влијаат врз вашиот организам. Ако ви е прејак вкусот на киселината, измешајте ја со малку вода и мед.

Ориз

Оризот е лесно сварлива намирница која содржи доста скроб и ја зајакнува слузницата на желудникот. Оризот е добар како храна која може да се јаде често, а посебно во моментите кога патите од дијареа или некој тип на стомачен вирус.

Ѓумбир

Ако сакате да го намалите чувството на мачнина или нагонот за повраќање, посегнете по ѓумбир. Оваа коренеста билка има карактеристики кои ги намалуваат неугодните последици. Се што треба да направите е кришка свеж ѓумбир да ја прелиете со врела вода и да оставите да отстои неколку минути. Потоа, испијте ја течноста како чај.

Банани

Бананите се одличен избор за лицата кои често патат од дијареа/ Ова тропско овошје соржи елементи кои ја зацврснуваат столицата. Лесно се јаде и лупи, а претставува богат извор на калиум кој го зајакнува имунитетот при долготрајни заболувања.

Ви препорачуваме да прочитате: Нане – природен еликсир за стомачни проблеми.

Сподели: