5 намирници кои треба да се избегнуваат по 50-тата година

Се прашувате зошто некои луѓе изгледаат помладо и повитално од годините кои ги имаат? Сите знаеме дека е невозможно да бидеме млади цел живот, но затоа со промена на животниот стил можеме да ги спречиме времето и промените во здравјето кои може да влијаат предвреме да изгледаме постаро.

Како што старееме, треба да се одвикнуваме од некои намирници бидејќи со времето тие можат да станат опасни за нашето здравје. Во продолжение, погледнете кои се петте намирници чија консумација треба да ја ограничите по 50-тата година од животот.

Намалете ја количината на сол

Големите количини на сол во исхраната можат да имаат сериозно влијание врз крвниот притисок. Тоа предизвикува задржување на водата во телото, а тој вишок на вода е одговорен за високиот крвен притисок. Високиот крвен притисок дополнително го оптеретува срцето, бубрезите, артериите и мозокот, а може да доведе и до срцев или мозочен удар, како и болести на бубрезите.

50-тата година старост храна

Внимавајте со преработените и пржени производи како сланината

Голем број на луѓе страдаат од артритис или поврзани болки во зглобовите, а поедини намирници само ја влошуваат состојбата. Истражувачите откриле дека COX-2 ензимите се значително многу поактивни и предизвикуваат воспаление кога консумираме омега-6 и омега-3 масни киселини. На самиот врв на намирници кои треба да се избегнуваат се наоѓа сланината заедно со жолчка, пченка, брашно, соја, маргарин и сите пржени намирници.

Умерено консумирајте вино

Иако бројни студии тврдат дека умереното конзумирање на вино може да биде добро за нашето здравје, проблем се јавува во дефинирањето на тоа „до која мера е умерено?“ Никој не смета дека испиеното половина шише вино е „умерено!“ Умереното консумирање алкохол подразбира два до седум пијалаци неделно судејќи според Националниот институт за здравје во Америка. Доколку консумираме повеќе од тоа, може да ни предизвика проблеми со срцето и црниот дроб.

Белиот шеќер заменете го кафеав или со стевија

Повеќето луѓе избегнуваат да внесуваат шеќер за да не се здебелат, но тоа е само еден дел од приказната. Истражувачите откриле дека премногу слатки можат да доведат до забрзано стареење. Кога конзумираме шеќер, нашето тело го претвора во глукоза, а еден од најголемите здравствени проблеми поврзани со глукозата е дијабетесот. Со оглед на тоа дека е исклучително опасен, дијабетесот може да доведе и до други бројни здравствени проблеми како што се кардиоваскуларните болести, болестите на бубрезите и оштетување на нервите.

Соковите кои содржат додаден шеќер заменете ги со природни сокови

Само едно малечко шише од овие сокови може да содржи над 200 калории и 40 грама јаглени хидрати, а тоа е количина која е еднаква на 12 лажици шеќер. Доколку на тоа им ги додадеме и енергетските пијалоци и газираните сокови, количините на нездрави материи кои ги конзумираме се исклучително високи.

Ви предлагаме да прочитате: 6 витамини кои се борат против стареење.

Сподели: