5 начини како да спречите потемнување на јаболката.

5 начини како да спречите потемнување на јаболката

Како и нам, сигурно и вам, безброј пати ви се случило да насечете повеќе кришки јаболка од она што е потребно, па додека ги изедете тие веќе ја промениле бојата. Сега ќе може да заборавите на тој проблем. Прочитајте зошто исеченото јаболко ја менува бојата и како можете да спречите или да го успорите непосакуваното потемнување на јаболката. 

Во текстот кој следи ќе ви откриеме зошто по извесно време кај пресеченото јаболко настанува промена на бојата и како тоа може да го спречите или барем да го ублажите.

5 начини како да спречите потемнување на јаболката

Кога е изложена на воздух, внатрешноста на јаболката потемнува, а тоа може да се смета како одбранбен механизам против бактерии и габи. Причина за тоа е реакцијата која настанува помеѓу воздухот и ензимите кои излегуваат од оштетените клетки при сечењето. Всушност, ензимите реагираат на кислородот од воздухот така што создаваат оксидиран слој кој претставува заштита од страни тела. Оваа реакција е позната под името оксидација.

Еве што можите да направите:

  • Доколку сакате да спречите потемнување на јаболката кои сте ги исекле, едноставно ставете ги во фрижидер. Тоа значително ги успорува хемиските реакции, а со тоа го одложува и процесот на оксидација.
  • Исто така, јаболката може да ги спаковате во фолија или тегла, за што помалку да дојдат во контакт со воздухот.
  • Друго решение е, исечените јаболка да ги ставите во чист сад со ладна вода.
  • Ако не ви пречи киселкастиот вкус, изложениот дел од јаболкото попрскајте го со сок од ананас или лимон. Благодарение на киселените, тоа ќе спречи полифенол оксидот да реагира на кислородот. Доколку не сакате кисел вкус, јаболката може да ги истриете со сол, шеќер или некој сируп.

Сподели: