6 најдобри извори на железо 1

6 најдобри извори на железо

Железото е минерал од суштинска важност. Тој е потребен за секој организам и неопходен за транспорт на кислородот до секоја клетка. Затоа, важно е да знаеме кои намирници се добри извори на железо, за да ги внесуваме во склоп на секојдневната исхрана.

Во случај на неадекватен внес и недостаток на железо, потребните количини на воздух не стигнуваат до сите клетки и органи во организмот. Со тоа се предизвикува слабост, замор и анемија. Со намера да ви помогнеме да ја зајакнете крвта по природен пат, ја споделуваме оваа содржина. Па, прочитајте кои 6 намирници се сметаат за најдобри извори на железо.

6 најдобри извори на железо 2

Месо

Месото е еден од најдобрите и најбогатите извори на железо. Не само што го содржи во својот состав во доволни количини, туку и овозможува подобра апсорпција на железото од другите намирници. Така, кога консумирате друга храна која содржи железо заедно со месо, правите одлична работа.

Spirulina Pacifica

Со своите состојки, Spirulina Pacifica е храна и најхранлива намирница на светот. Со нејзиното внесување, му помагате на организмот на повеќе начини. Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.

Spirulina pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прашок. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Може да ве интересира: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Овошје и овошни сокови

Овошјето како што се јаболката, смоквите, портокалите и бананите имаат значителна количина на железо во својот состав. Исто така, содржат и други витамини кои помагаат за подобра апсорпција на самото железо.

Суви зачини

Освен тоа што имаат лековити својства, сушените зачини, покрај другите хранливи материи и минерали, се многу богати со железо. Во најголема мера, железото може да се најде во магдоносот, ориганото, коријандерот и нането.

Кавијар

Може да се каже дека станува збор за „луксузен“ извор, но факт е дека е многу богат со железо. Луѓето обично го користат како предјадење, а вкусот му е фантастичен. Одредени, малку поевтини верзии се среќаваат и во маркетите за широка потрошувачка.

Суви кајсии

Освен што се добар извор на железо, сувите кајсии содржат и витамин А и калиум. Вкусот им е фантастичен, па можете да ги вклучите во исхраната многу лесно наместо други слатки десерти и колачи.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобри растителни извори на железо.

Сподели: