5 придобивки од пиењето на топла вода со лимон

Кој пијалак е евтин за да се направи, ја чува кожата сјајна, го подобрува варењето на храната, може да ви помогне за да ја намалите телесната маса и е богат со витамин Ц? Тоа е топлата вода со лимон.

А дали знаете дека водата која била ароматизирана со цитрусни овошја се пиела уште во антички Рим? Во последно време многу се зборува за придобивките од вода со лимон, па решиме да истражиме на оваа тема и да видиме дали станува збор за природен лек или медицински каприс. Ајде да започнеме.

Лимоните имаат повеќе здравствени придобивки и најчесто се познати како одличен извор на витамин Ц. Една чаша свеж лимонов сок задоволува 187% од дневните препорачани количини за витамин Ц. Лимоновиот сок е исто така здрав извор за калиум, магнезиум и бакар.

топла вода со лимон

5 придобивки од водата со лимон

За толку едноставен пијалак, листата на придобивки е импресивна. Иако можеби не пиеш многу вода, сепак штом ќе дознаеш колку една чаша вода со лимон има позитивни ефекти за телото и умот, ќе посакаш да биде дел од твојата утринска рутина.

Го подобрува варењето на храната и ги отстранува штетните материи од организмот

Затоа што атомската структура на лимоновиот сок е слична со дигестивните сокови во желудникот, го поттикнува црниот дроб да лачи повеќе жолчни киселини, кои помагаат храната да се полесно да се движи во гастроинтенстиналниот тракт. Водата со лимон исто така го олеснува варењето на храната и при помага при проблеми со желудникот.

Покрај тоа, водата со лимон ја подобрува функцијата на ензимите во телото, го стимулира црниот дроб и исфрлањето на токсините. Има улога на диуретик и овозможува полесно елиминирање на отровните материи преку урината, па очекувајте дека почесто ќе имате потреба да одите во тоалет. На овај начин помага за детоксикација на телото и кожата.

Го обезбедува организмот со витамин Ц

Телото не е во можност самото да производи витамин Ц, па внесување на доволни количини преку храната и пијалаците е неопходно. За среќа, лимоните се полни со витамин Ц. Витаминот Ц ја стимулира продукцијата на белите крвни клетки, кои се значајни за правилна функција на имуниот систем. Како антиоксиданс, витаминот Ц ги штити клетките од оксидативни оштетувања.

Ја подмладува кожата и го лекува телото

Антиоксидансите како витаминот Ц имаат двојна улога во водата со лимон. Тие штитат од оштетувањата кои се предизвикани од слободните радикали и овозможуваат кожата да изгледа посвежо. Внесувањето на доволни количини на витамин Ц од водата со лимон исто така го одржува производството на колаген, кој е есенцијален во ублажување на брчките на лицето.

Помага во намалување на вишокот на килограми

Редовната консумација на вода со лимон може да ви помогне да го намалите вишокот на килограми. Тоа е така затоа што лимоните содржат пектин, тип на растителни влакна кои се наоѓаат во овошјето. Пектинот помага да се чувствувате сити подолго време. Плус, дали знаете дека и ако сте малку дехидриани, може да имате главоболка, замор и лошо расположение? Пиењето на вода со лимон му помага на телото да биде хидрирано и да се чувствувате среќни.

Ја зголемува енергијата и го подобрува расположението

Наместо наутро да пиете кафе, напијте се вода со лимон која ќе ја зголеми вашата енергија, а притоа нема да внесувате кофеин. Еве како функционира: нашите тела добиваат енергија од атомите и молекулите во храната. Кога негативно наелектризираните јони, кои ги има во лимоните, ќе влезат во дигестивниот тракт, се зголемува нивото на енергијата. Дополнително, мирисот на лимон го намалува стресот и го подобрува расположението.

Па, не заборавајте да му понудите чаша со лимон на вашите колеги или членови на семејството.

Ви предлагаме да прочитате: Освежителен тоник од лимон и ѓумбир.

Сподели: