урми 1

5 причини да изберете урми наместо чоколадо

Не без причина урмите се нарекуваат пустински леб! Ако имате потреба да каснете нешто слатко и желба за благо, најлесно и најздраво можете да ги задоволите вашите апетити доколку изберете урми. Исклучително вкусни, урмите се едно од најпопуларните овошја спакувани со импресивна листа на есенцијални хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни за нормален раст, развој и благосостојба на организмот.

Урмите се извонреден избор во секоја варијанта. Изберете ги свежи и уживајте во нивната сочна слаткост или изберете ги суви зависно од вашиот вкус.

Ја зголемуваат енергијата и го ревитализираат телото

Свежите урми се меки, лесно сварливи и содржат едноставни шеќери како фруктоза и декстроза. Во 100 грама урми има 277 калории. Доколку ги консумирате, веднаш ќе забележите зголемување на енергијата и ревитализација на телото.

Го подобруваат варењето на храната и го поддржуваат здравјето на интестиналната флора

Овие овошки се богати со растителни влакна, кои го намалуваат лошиот холестерол, а помагаат за правилно варење на храната, имаат лаксативно дејство и превенираат појава на запек. На овој начин, тие ја штитат мукозната мембрана на цревата од состојки кои придонесуваат за развој на канцер.

урми

Богати се со антиоксиданси кои го подобруваат квалитетот на крвта и штитат од канцер

Урмите содржат антиоксиданси познати како танини. Танините имаат анти-инфективни, анти-инфламаторни својстава и помагаат за побрза коагулација на крвта. Покрај тоа, урмите содржат лутеин, бета каротен и зеа ксантин, антиоксиданси кои ги штитат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Така, консумацијата на урми влијае позитивно во превенцијата на рак од дебелото црево, простата, градите, матката и белите дробови.

Изобилуваат со витамини и минерали кои го поддржуваат здравјето на срцето

Урмите се богат извор на железо, кој е дел од хемоглобинот. Па доколку страдате од анемија, редовно консумирајте урми. Покрај железо, урмите изобилуваат со калиум, кој е значаен дел од клетките, телесните течности, а има улога да го регулира срцевиот ритам и крвниот притисок. На овој начин, тие помагаат во спречувањето на срцев удар и превенираат појава на срцеви заболувања.

Помагаат за регулирање на телесната тежина

Бидејќи содржат многу хранливи материи, урмите го намалуваат чувството на глад и го олеснуваат губењето на тежината. Но, сепак не треба да се претерува со консумацијата на урми, бидејќи 1 кг урми во целост ги задоволуваат дневните потреби на организмот за бројот на калории.

Сподели: