5 причини за да вклучите морски алги во исхраната

Морските алги ја носат во себе енергијата на морињата и океаните. Тие се сметаат за суперхрана, бидејќи се богати со хранливи состојки. Доволно е мала количина на морски алги, за да се внесе цел спектар на витамини и минерали во организмот, кои се неопходни за доброто здравје.

Изобилуваат со минерали

Морските алги се 10 пати побогати со минерали од зеленчукот и имаат високо ниво на јод, калциум, натриум, магнезиум и железо, минерали неопходни за нормално функционирање на организмот. Покрај тоа, тие се богат извор на витамините од групата Б, протеини, а имаат мал број на калории.

Морските алги го зајакнуваат организмот и го намалуваат високиот крвен притисок

Благодарение на количината на витамини и минерали која ја содржат, морските алги го чис­тат и го јак­нат ор­га­низ­мот и обезбе­ду­ва­ат дол­го­веч­ност. Многуте испитувања потврдија дека морските алги го намалуваат високиот крвен притисок и помагаат во лекувањето на артериосклерозата, артритисот, алергиите и ревматизмот.

 морски алги

Одлични се кожата

Морските алги се познати по своето против воспалително дејство и докажано е дека помагаат при лечење на кожни болести како егзема и псоријаза.

Морските алги се сојузници на женското здравје

Големо откритие на лековитоста на морските алги е и дека жените кои страдаат од ендометриоза и менструални неправилности имаат големо подобрување на симптомите по три месечна секојдневна суплементација со капсули од морски алги.

Превенираат појава на канцер на дојка

Морските алги имаат и антиканцерогени својства. Тие го спречуваат разможувањето на крвните садови кај брзорастечките тумори и го спречуваат нивното ширење, односно метастазирање во другите органи и ткива во телото. Едно истражување има докажано дека исхраната која вклучува морски алги го намалува ризикот од заболувања од типот на рак на дојка.

Во многу лабораториски испитувања е покажано дека морските алги се способни да ги уништат клетките на рак кај експериментлните животни, но испитувањата се сеуште во тек. Кај нас може да се најдат шест видови на морски алги: нори, вакаме, араме, комбу, хиџики и агар-агар, а лесно можете да најдете и литература која ќе ве упати како да ги приготвите.

Автор: М-р Снежана Андоновска

Ви предлагаме да прочитате: Морски алги – храна богата со минерали која ветува долг живот.

Сподели: