5 причини зошто е добро наутро и навечер да се напиете чаша топла вода 1

5 причини зошто е добро наутро и навечер да се напиете чаша топла вода

Сите многу добро знаеме дека водата е неопходна за добро здравје. Често пати во препораките се спомнува дека е добро да се комбинира со лимон и мед, со куркума и слично, а во секој случај е корисна поради разни нешта. Експертите наведуваат најмалку 5 причини кои ни потврдуваат дека е добро наутро и навечер да се пие барем по една чаша топла вода.

Може да ве интересира: Направете лековита вода со куркума – утрински еликсир за телото.

5 причини зошто е добро наутро и навечер да се напиете чаша топла вода 2

Најдобар начин да го пробудите телото

Пиењето на чаша топла вода наутро му помага на телото за побрзо да се пробуди, му дава енергија и придонесува за чувство на поголема сила во денот. Ако не ви е пријатно да пиете чаша вода, ви предлагаме да се напивате топол незасладен чај, а истиот е најдобро да биде природен.

Ослободува од болката

Топлата вода ги опушта мускулите, ја подобрува циркулацијата на крвта на капиларно ниво. Така, ако се соочувате со повремени грчеви во стомакот и главоболки, млака или топла вода на сабајле ќе ви биде од голема корист.

Промовира губиток на телесна тежина

Топлата вода ја нормализира работата на дигестивниот тракт, го активира варењето и метаболизмот, а ако додадете малку мед и лимонов сок, тоа ќе помогне за согорување на масти, посебно во проблематичните делови од телото, како што се стомакот и бутовите.

Ја подобрува состојбата на кожата

Топлата вода ја подобрува циркулацијата на крвта и помага за отстранување на токсините од телото, што има поволно влијание на состојбата на кожата. Таа станува понежна, сјајна и со добар тонус.

Помага за полесно да заспиете

Топлите напитоци, вклучително и водата, помагаат во смирувањето на нервниот систем и нежно го припремаат телото за спиење. За разлика од чајот, водата не содржи кофеин и има значаен позитивен ефект врз организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 придобивки од пиење на топла вода со лимон.

Сподели: