рецепти за зимски ликери 1

5 рецепти за зимски ликери

Не размислувајте, пробајте некој од овие рецепти кои ги избравме од ризницата на sezahrana.mk! Испробани се од нас или се препорачани од нашите соработници на кои им веруваме. Да уживаме во празниците уште повеќе, а за да биде тоа така, повелете неколку рецепти за зимски ликери.

Може да ве интересира: Ликер од вишни – вишновка.

Домашен ликер од кокос 2

Домашен ликер од кокос

Овој пијалак е наменет за сите дами, кои уживаат во вкусните ликери. Потребни ви се неколку состојки да го направите, а сигурни сме дека ги имате во вашата кујна. Не двоумете се, одете веднаш во кујната, направете ликер од кокос и поканете ги пријателките на добро дружење. Некои веќе долги години го приготвуваат овој ликер од кокос, а ние го пробавме на гости, па го споделуваме рецептот со сите вас.

Ликер од црвено вино

Дали знаете дека потребни ви се само три состојки за да направите фантастичен ликер?

Уште одамна постојат податоци за придобивките од консумирањето на црвеното вино, како и за неговото значење и употреба. Тоа е богато со антиоксиданси, а препораките од нутриционистите е да се пие умерено по една чаша на ден. Ликерот од црвено вино е идеален за ладните зимски денови и за сите моменти кога ви треба малку топлина и љубов. Подеднакво е добар за празничните денови и за сите убави моменти кога сакате да ја поделите својата љубов и среќа. Рецептот може да го прочитате тука.

Божиќен ликер

Божиќ е еден од најголемите и омилените празници кај нас, посебен ден кога се слави и се споделуваат моменти со семејството. За да ни бидат уште подрагоцени и побогати овие собири, нашата пријателка Тања несебично го сподели најзиниот испробан и проверен рецепт за Божиќен ликер. Знаеме дека го прави секоја година и тоа со голема љубов, која ја наследи од својата пријателка која веќе не е помеѓу нас. Среќни сме што на овој начин, ќе помогнеме да се зачува споменот на таа умешна жена која на сите нас ни подари убав празничен рецепт за еден од најубавите празници.  Може да се прави со ракија или рум, а вкусот е доста поубав со ракија. Дозата може да ја зголемувате по желба. Повелете рецептот.

Домашен ликер од портокал

Овој пијалак со заводлив вкус се прави многу лесно! Единствено што треба да имате при подготовката на домашниот ликер од портокал е трпение, затоа што мора да се почека некое време додека се консумира. Рецептот го имате тука.

Чоколаден ликер со рум

За ексклузивно славење со одбрано друштво! Домот е идеално место за уживање во вакви слатки нешта. Дефинитивно препорачуваме да го испробате баш овој рецепт! Ако сакате нешто посебно со кое може да ги почестите пријателите, верувајте тоа е овој чоколаден ликер со рум, а еве го рецептот!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен ликер бејлис со вкус на карамела.

Сподели: