здрава исхрана деца 1

5 совети за да ги научите децата на здрава исхрана

Исхраната е од големо значење за правилниот развој на децата, особено во првите години од нивниот живот, кога се стекнуваат и основните навики. Со храната која децата ја јадат треба да се обезбедат сите важни потребни хранливи материи, и тоа во количини кои ќе ги задоволат дневните потреби на детето. Нема прехранбен производ или прехранбена група која ги обезбедува сите важни хранливи материи во количини кои се неопходни за организмот.

Заради тоа, основен принцип за правилна, биолошки вредна и здрава исхрана е разновидноста во консумирањето храна секој ден. Навиките на родителите при изборот на храна се клучен фактор за создавање на здрави навики за исхрана кај децата.

Не ги исфрлајте грицките, само намалете ги

Педијатрите советуваат наместо да му ги забранувате грицките и слатките работи на детето, во текот на денот да му дадете во мала количина. На тој начин децата нема да се стремат кон тоа што го немаат. Забраната на одредени работи може да доведе до спротивен ефект, бидејќи таа храна е лесно достапна надвор од домот. Тоа може да предизвика прејадување со нездрава храна, која е забранета во домот. Исто така треба да се избегнува храната како награда или казна за постапките, бидејќи тоа создава лоша врска со храната во целост.

Дозволете му на детето само да се послужи

Користете помалку чинии и прибор за детето, и овозможете му само да се послужи  со приготвената храна. Оваа пракса можете да ја започнете на возраст измеѓу 3 и 5 години. Тоа ќе направи да се чувствува возрасно и ќе посака да проба од тоа што јадат и родителите.

здрава исхрана деца

Избегнувајте да купувате големи фамилијарни пакувања на грицки и слатки

Доколку купувате, купете го најмалото пакување на одредена храна, бидејќи го доведувате детето во искушение да посака да изеде сѐ, а нему му е дозволено да земи само малку. Нездравата храна има лошо влијание врз секој организам!

Предупредете го детето за калориите во соковите

Додека децата и тинејџерите се свесни која храна изобилува со калории, кога станува збор за соковите, најчесто не се посветува доволно внимание. За да им помогнеме на децата да стекнат здрави навики во раната доба, давајте му обична вода и млеко, наместо слатки сокови и чоколадно млеко. Кога им давате сок, потрудете се тоа да биде свежо припремен овошен сок.

Замолете го вашето дете да ви помага во кујната

За да ги привлечете да јадат здраво, практикувајте да ве гледаат или замолете ги да ви помогнат додека ја приготвувате вечерата. Разговарајте со нив, објаснете му што е тоа и колку е тоа здраво за нив.

Сподели: