5 фантастични примени на лимоните како козметичко средство

5 примени на лимоните како козметичко средство

Потрагата по убавината и вечната младост, започната е стотици години наназад, кога на луѓето им биле достапни само состојките од природата. Со испробувањето на голем број намирници, ги забележале позитивните ефекти од употребата на лимоните како козметичко средство.

На сите им е познато дека, лимоните се природен извор на витамин Ц, па затоа наоѓаат примена во голем број на козметички препарати наменети за белење на флеките на кожата, но исто така и за изедначување на тенот. Кога станува збор за косата, може да се нагласи дека лимоновите состојки помагаат за сјајна и убава коса. Во следните примери прочитајте што сѐ можете да направите од лимон, во корист на вашата убавина и здравје.

Пилинг од лимони 

Во еден сад ставете сок од половина лимон и една лажица маслиново масло, а потоа добро измешајте ги состојките со виљушка. Додадете една лажица мед и пак добро промешајте, a на крај додадете уште 50 грама шеќер.

Маска за ревитализација и зацврстување на кожата

Измешајте две лажици јогурт и една лажица свежо исцеден сок од лимон. Нанесете ја маската на чисто лице и врат, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да се исуши (околу дваесет минути до половина час). На лицето и вратот ќе почувствувате затегнување, што всушност е и целта на оваа маска. Потоа исплакнете го лицето со топла, а потоа со ладна вода. Нежно исушете го, а потоа нанесете хидратантен крем. Овај тип на маска може да се повторува еднаш неделно.

5 фантастични примени на лимоните како козметичко средство

Хидратантна маска за сува коса

Во сад измешајте 175 мл маслиново масло, 125 мл мед и три лажици свежо исцеден сок од лимон. На косата нанесете шампон косата и добро исплакнете ја со вода, потоа нанесете од смесата со лимон, почнувајќи од коренот кон врвовите. Косата завиткајте ја во капа за туширање или во пластична кеса, а потоа во топла крпа. По час и половина, исплакнете ја косата со топла вода и нанесете малку балсам. Оваа фантастична маска ја враќа хидратација на косата и тоа го спречува создавањето на првут.

Средство за плакнење на косата

Ова средство употребувајте го доколку имате мрсна коса. Се мешаат 125 мл вода со 60 мл свежо исцеден сок од лимон. Со оваа смеса исплакнете ја косата по шампонирањето. Вашата коса ќе изгледа посјајна и поздрава.

Третман против првут

Измешајте сок од половина лимон со 60 мл кокосово масло, а добиената смеса втријте ја во коренот на косата и оставете да делува 15 минути. Потоа косата измијте ја како и вообичаено.

Препорака: И покрај големата корист од лимоните на повеќе начини, доколку не сте убаво упатени ве советуваме дополнително да се консултирате со стручно лице – лекар за третманот кој сакате да го примените.

Сподели: