5 чаеви кои мора да ги имате во вашата кујна

Топли или ладни, чаевите се одличен и вкусен начин за да го снабдите вашиот организам со потребната хидратација и значајни состојки кои може да ги помогнат за да го подобрите здравјето и функцијата на клетките, ткивата и органите.

Понекогаш може да ви биде доста збунувачки да го изберете вистинскиот чај за вас, дали и колку тој е безбеден за употреба, но и колку ефикасно делува во елиминирањето на некои од најчестите здравствени проблеми.

Следниве видови чаеви се ефикасни и лесно достапни, а се препорачуваат од страна на многу здравствени експерти.

Чај од нане

Чајот од нане, освен што е многу вкусен и има повеќе здравствени придобивки. Истражувањата покажуваат дека чајот од нане го подобрува варењето на храната (добро би било да се пие по јадење), ги ублажува грчевите на дигестивниот и респираторниот тракт, го намалува отокот и покачената температура.

Чај од камилица

Чајот од камилица е навистина често застапен и многу благопријатно му делува на организмот. Помага во релаксирање на телото и умот, го подобрува спиењето и ја ублажува анксиозноста, напнатоста, нервозата и раздразливоста. Тој се користи стотици години како лек за при менструални болки, воспаленија, алергии, реуматични болки и хемороиди.

чаеви

Чај од коренот на глуварче

Кога станува збор за здравјето на црниот дроб, чајот од коренот од глуварче е на прво место! Покрај тоа, истражувањата покажале дека е ефикасен при лечење на артритис, гихт, акни и висок крвен притисок.

Чај од маточина

Ако сте под стрес, често сте нервозни, чувствувате забрзана работа на срцето или имате чести главоболки, тука е чајот од маточина кој може да ви помогне да ги регулирате овие проблеми. Исто така, тој е одличен лек за дигестивни проблеми што настануваат како последица на претрпен стрес и нервоза.

Чај од ѓумбир

Иако често се употребува во кулинарството, ѓумбирот има богатство од лековити својства. Го смирува дигестивниот систем (многу е ефикасен во ублажување на гадење и гасови во стомакот), а со тоа го помага процесот на варење на храната. Голем број на студии покажале дека чајот од ѓумбир е ефикасен при настинки и грип, ја ублажува треската, а можат да го користат како деца така и возрасни.

Сподели: