интегрален леб

5 причини кои ќе ве поттикнат да го замените белиот леб со интегрален

Лебот го носи епитетот цар на македонската трпеза. Се внесува секојдневно како составен дел на голем број јадења. Нутриционистите препорачуваат да се избегнуваат печива и леб направени од бело брашно, а да се внесува доволна количина растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната и регулирање на телесната тежина.

Интегралните житарки се одличен извор на растителни влакна, витамини од групата Б, магнезиум, кои помагаат во превенција на голем број заболувања помеѓу кои и дебелината. Лебот направен од интегрално брашно има поповолно влијае врз здравјето во споредба со лебот припремен од бело брашно.

интегрален леб

Дел од здравствените придобивки при консумација на интегралниот леб се:

  • Подобро варење на храната – високата количина на растителни влакна го прават интегралниот леб идеално решение при опстипација (запек). Растителните влакна кои ги содржи ја подобруваат работата на желудникот и апсорпцијата на хранливите состојки. Тоа придонесува да столицата е редовна, а телесната тежина регулирана и во нормални граници.
  • Превенира срцеви заболувања – редовното консумирање на интегрални житарки допринесува за намалување на нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта. Според испитувањата, испитаниците кои редовно консумираат интегрален леб имаат 30 проценти помал ризик од кардиоваскуларни заболувања.
  • Го регулира нивото на шеќер – варењето и апсорпцијата на интегралниот леб во споредба со белите, рафинирани печива трае подолго време и истото овозможува подолго време на чувство на ситост. Нивото на гликоза во крвта не варира и истото допринесува за превенција од дијабетес тип 2.
  • Одличен извор на витамини – интегралниот леб е одличен извор на витамините од групата Б: тиамин, рибофлавин и ниацин, кои ја подобруваат ментална активност. Фолната киселина помага во создавањето на црвените крвни клетки и е неопходна за превенција на вродени дефекти кај новороденчињата.
  • Намален ризик од канцер – консумирањето на интегрален леб, наместо бел, го намалува ризикот од појава на колоректален и панкреатичен карцином. За да го намалите ризик од канцер, покрај интегрален леб се препорачува редовно консумирање на зеленчук и овошје, а намалување на месото и преработената храна.

Текстот го испратил: Марија Трпеска

Сподели: