namirnici koi go namaluvaat apetitot

6 намирници кои го намалуваат апетитот

Се храните здраво, но апетитот ви го отежнува намалувањето на телесната тежина? Можеби треба да направите мали промени во исхраната и да ја постигнете вашата цел. Се прашувате како? Многу лесно, со избор на намирници кои го намалуваат апетитот.

Нашите пријатели од Slim Line Club секогаш се тука да ни дадат совети за исхраната и слабеењето. Па така, во оваа прилика ни претставуваат кои намирници помагаат да ја намалите потребата од храна за кусо време.

Зелка, краставици, марули

Зелените зеленчуци се совршени за намалување на апетитот. Брзо го полнат стомакот, а имаат мал број калории. Токму затоа, пред секој оброк направете си салата од зелка, краставици или марули и значително ќе го намалите внесот на калории. Во просек, луѓето кои редовно јадат салата пред оброкот внесуваат по 12 проценти помалку калории. Гледано на подолг период, тоа ќе резултира со постепено намалување на килограмите.

намирници кои го намалуваат апетитот

Јаболко

Јаболката се богати со растителни влакна и поради тоа ќе се чувствувате сити подолго време. За да изедете едно јаболко ќе ви треба малку повеќе време, па така мозокот ќе има доволно време да ја добие информацијата дека сте најадени.

Темно чоколадо

Темното чоколадо со најмалку 60 до 70 проценти какао е одлично за ублажување на гладот. Овој вид чоколадо е корисен за здравјето, но би требало да внимавате при конзумирањето, затоа што сепак содржи шеќер и масти.

SLC Meal Replacement

Без разлика на ставот кој го имате за вашиот прв оброк, вие со негова помош можете да го подобрите здравјето и позитивно да влијаете врз обемот на вашeто тело. Проблемот настанува кога луѓето одбираат „бомби“ со калории, односно намирници исполнети со многу шеќер и масти кои го имаат спротивниот ефект. А со тој избор, освен што може да ги покачите килограмите ќе се чувствувате гладни за скоро време. Ако гладот најчесто ви се јавува помеѓу ручекот и вечерата, или доцна навечер, тогаш треба да посветите повеќе внимание на појадокот. За појадок може да направите оброк со SLC Meal Replacement, кој е достапен со три вкусови: чоколадо, ванила и јагода. Консумацијата на овој оброк овозможува, избалансиран внес на хранливи материи (протеини, јагенихидрати, витамини и минерали), поддршка на имуниот систем, намален внес на храна (намалена желба за брза храна), намалување на апетитот, постигнување на нормалната телесна тежина, здрав дигестивен систем и повеќе енергија. Може да го користите и за подготовка на смуди и нискокалорични десерти, а за појадок ви предлагаме да направите:

SLC Meal Replacement може да ги порачате преку онлајн продавницата на Slim Line Club или на телефонските броеви 078215929, 02 270 0028. Многу корисни информации можете да најдете и од видеото на линкот.

Супа

Супите се вкусни, а не се претерано калорични. Според медицинските истражувања, луѓето кои дневно на менито имаат две порции супа, намалуваат двапати повеќе телесна тежина од оние кои истите калории ги внесуваат преку друга храна. Секако, подобар избор се бистрите супи од зеленчук, наспроти кашестите супи.

Банани

Доколку чувствувате глад, а следниот оброк ви е планиран за подоцна во денот, изедете една банана. Таа ќе го ублажи гладот и без проблем ќе издржите до оброкот. Во бананите има голема количина на калиум и растителни влакна. Двете состојки го подобруваат варењето на храната и даваат чувство на ситост.

Ви предлагаме да прочитате: 5 карактеристики на емоционалниот глад: Дали сте навистина гладни или јадете од што ви е досадно?

Сподели: