6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук 1

6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук после оброкот

Лукот им дава фантастична арома на јадењата, но непријатниот мирис од устата која се јавува потоа не е баш најпријатен. Со оглед на тоа што во пролетно-летниот период имаме можност да го го уживаме свеж или во текот на зимата како зрел лук со чешниња за одличен имунитет, во овој текст можете да прочитате повеќе за корисните намирници кои го неутрализираат мирисот од лукпосле јадење  и кои ќе ви помогнат да го решите проблемот со здивот.  

Здивот од устата е нешто за кое секој од нас посакува да биде пријатно и да не пречи во комуникацијата со останатите луѓе, па доколку сакате постојано да се чувствувате добро,  прочитајте кои 12 лесни совети помагаат да имате свеж здив. Лековитите својства на лукот и неговата фантастична арома понекогаш паѓаат во сенка на неријатниот здив кој останува после оброкот. Но, за среќа, одредени намирници содржат материи кои го неутрализираат незгодниот пратител на јадењата со лук.

Полифенолите кои се наоѓаат во одредени растенија можат да бидат клучни во сузбивање на непријатниот мирис предизвикан од лукот. Во продолжение е листата на намирници кои содржат полифеноли (со исклучок на млекото, чија ефикаснот доаѓа од комбинацијата на водена и масна материја во составот и на тој начин помага за испирање на остатоците од лук во усната шуплина).

6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук 2

Еве кои намирници го неутрализираат непријатниот здив од лукот:

  1. Јаболка
  2. Спанаќ
  3. Босилек
  4. Магдонос
  5. Зелен чај
  6. Млеко (полномасното млеко се покажало како поефикасно).

Ви предлагаме да прочитате: Магдонос и лимон против лош здив.

Сподели: