витамини 1

6 витамини кои се борат против стареење

Дали некогаш сте се запрашале зошто, некои луѓе изгледаат помладo и поздраво во однос на нивната возраст? Одговорот е дека може да се набројат повеќе фактори меѓу кои пред сé е генетиката, а потоа и начинот на живот.

Меѓутоа, ако немате среќа со младоликата генетика, тогаш треба работите да ги преземете во свои раце и сами да се потрудите да ја остварите целта, односно да имате добро здравје и младешки дух. Тоа ќе го постигнете со редовното внесување на одредени витамини кои многу ќе ви помогнат да го забавите процесот на стареење и да го подобрите целокупното здравје и благосостојба. Еве кои се тие:

Витамин А

Витаминот А е потребен е за обнова и раст на клетките, а со редовно внесување на соодветните количини на овој витамин се заштитуваат сите органи. Тој го одржува здравјето на очите, го намалува ризикот од развој на макуларна дегенерација (честа причина за губење на видот кај постарите лица), а исто така помага во борбата против темните кругови под очите. Можете да го најдете во кремови кои се направени врз база на ретинол. Кога станува збор за храна, следниве производи го содржат овај драгоцен витамин во изобилство:

Исто така, треба да се спомене дека витаминот А го има во составот на јајцата, млекото и сирењето.

Витамини од групата Б

Овие витамини успешно се борат против стресот и се од витално значење за доброто функционирање на телото. Помагаат за регулирање на метаболизмот, така што овозможуваат поголемо согорување на мастите, а со тоа го намалуваат дебелеењето во периодот на длабока старост. Витамините од групата Б ја подобруваат концентрацијата и го неутрализираат процесот на заборавање на кој често се изложени постарите лица. Витаминот Б3 ја подобрува способноста на кожата да ја задржи влажноста, што често се губи во староста. Најдобри извори на Б витамини се:

  • пилешко месо
  • јајца
  • млеко
  • мешункаст зеленчук
  • јаткасти плодови.
витамини

Витамин Ц

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го намалува стареењето на клетките со неутрализирање на слободните радикали. Покрај тоа, витаминот Ц е неопходен за градење на колагенот, кој претставува важен структурен протеин на кожата, а со тоа ги намалува брчките и овозможува цврст, младешки изглед на кожата. Најдобри извори на овој витамин се:

Витамин Д

Витаминот Д ја помага апсорпцијата на калциум кој е важен за здравјето на коските. Витаминот Д го спречува развојот на остеопенија и остеопороза кај жените во периодот на пост-менопауза. Покрај тоа, тој има позитивен ефект врз имунолошкиот систем. Најдобар извор на витамин Д е сончевата светлина, а исто така тој може да се најде во рибите како туна, скуша и лосос. Помали количини од овај витамин има во јајцата, сирењето и во говедскиот црн дроб.

Витамин Е

Овој моќен антиоксиданс ги заштитува клеточните мембрани, помагајќи и на кожата да ја задржи потребната влажност, која е неопходна за младешки изглед. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека витаминот Е штити од кардиоваскуларни болести, а неговата активност ги спречува оштетувањата кои што може да произлезат од дејството на слободните радикали. Најдобри извори на овој витамин се:

  • јаткасти плодови
  • пченични зрна
  • овес
  • авокадо
  • млечни производи
  • лиснат зелен зеленчук.

Производите кои се наменети за нега на кожата обично се збогатени со овој витамин.

Витамин К

Витаминот К помага во одржувањето на силни и здрави коски, намалување на темните кругови под очите. Најдобри извори на витамин К се:

Сподели: