здраво срце и крвни садови.

6 намирници за здраво срце и крвни садови

Здраво срце и крвни садови се гаранција за што подолг, но и што поквалитетен живот. Покрај препораките за редовна и умерена физичка активност, наоѓањето начини за справување со стресот и намалување на неговото влијание, исхраната е еден од клучните фактори за  го зачувате здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем и навреме да ги заштитите вашето срце и крвни садови.

Доброто здравје е гаранција за квалитетен живот, токму затоа мора да го негуваме. Срцето е орган кој работи без прекин во текот на целиот живот и затоа е важно да се одржува постојано неговото добро функционирање. Во прилог разгледајте ја кратката листа на хранливи производи кои се корисни за срцето и крвните садови:

здраво срце и крвни садови

Спанаќ

Спанаќот е богат е со витамин Е, Ц и бета каротен кои се сојузници во борбата против атеросклероза. Најдобро е да се јаде обарен или жив во салати.

Лук

Неговиот состав е корисен за здравјето на артериите и за подобра циркулација на крвта, што е важно за исхрана на клетките низ целото тело, а исто така го регулира крвниот притисок.

Домат

Богат е со растителни влакна и биофлавоноиди, кои помагаат против лошиот холестрол.

Грозје

Содржи ресвератрол, кој е моќен антиоксиданс корисен за целокупното здравје и феноли кои ги зајакнуваат крвните садови.

Пченични никулци

Изобилуваат со витамин Е и незаситени масни киселини, а исто така помагаат во заштита на крвните садови така што спречуваат таложење на масти во нив.

Интегрален леб и двопек

Витамините во нивниот состав, посебно витаминот Е ја подобруваат еластичноста на крвните садови.

Ви предлагаме да прочитате: Црвено вино за здраво срце и крвни садови.

Сподели: