bolka namaluvanje

6 намирници кои ја намалуваат хроничната болка

Хроничната болка во телото може да биде многу упорна, така што понекогаш и некои лекарства не помагаат. Според некои истражувања, четири од пет лица кои имаат хронична болка бараат помош во природата.

Со низа испитувања е докажано дека некои намирници се ефикасни за намалување на болките. Тие често се лесно достапни, а на нас ни останува да ги вклучиме почесто во исхраната. Доколку се одлучите помошта да ја побарате во природата, секако дека треба да се советувате со вашиот лекар, особено доколку земате лекарства.

Ѓумбирот ги намалува воспаленијата во телото

За ѓумбирот се знае дека го подобрува варењето на храната, прави рамнотежа на цревната флора, помага при надуеност, утрински мачнини, повраќање и ги намалува и смирува грчевите. Одредени истражувања покажале дека ги намалува воспаленијата кои често се причина за појава на болка.

намирници кои ја намалуваат болката

Може да ве интересира: Лековит напиток од ѓумбир против болки и воспаленија. 

Кафе за смирување на болките во мускулите

Можеби сте изненадени, но некои студии покажале дека консумацијата на кафе може да влијае на перцепцијата на болката за време на некоја тешка активност, како што се тренинзите.  Задоцнетата мускулна болка е синдром кој се јавува при слабост на мускулатурата и голема нивна голема осетливост, а се јавува 24 до 48 часа по интензивна телесна активност.

Истражувањата покажале дека кофеинот делува на аденозинот, така што го блокира неговото делување, односно влијае на намалување на болката. Оние кои и повремено пијат кафе, ќе почувствуваат помала болка после тренингот.

Маслиновото масло има сличен ефект како ибуфренот

Маслиновото масло спаѓа во групата на најздрави масла, но тоа не е без причина. Тоа делува против воспалително, а како пример може да се земе фактот дека жителите на Медитеранот кои често консумираат маслиново масло ретко имаат здравствени проблеми поврзани со воспаленија. Екстра девственото маслиново масло содржи состојки слични на ибуфренот, па ако имате хронични болки, користете го секојдневно за зачинување на салатите или приготвување на јадењата.

Лососот може да ги намали болките во зглобовите

Лососот е добар сојузник ако имате воспаление на зглобовите или желудочни проблеми. Имено, омега 3 масните киселини помагаат за намалување на болките кои се предизвикани од ревматоидниот артритис. Овие масни киселини исто така ги намалуваат желудочните киселини, особено ако се предизвикани од стрес.

Сок од вишни за опоравување на мускулите после тренинг

Едно британско истражување покажало дека лицата кои десет денови пиеле по две чаши природен сок од вишни, побрзо се опоравувале од напорниот тренинг во споредба со лицата кои го прескокнувале овој здрав сок. Освен вишните, и другото темноцрвено или виолетово овошје, како што се калинките, боровинките и брусниците има сличен ефект и може да ви помогне во намалување на болките по тренингот.

Црвеното грозје ги намалува болките и симптомите при ревматоиден артритис

Црвеното грозје содржи биофлавоноид познат како кверцетин. Овој силен антиоксиданс заедно со витаминот Ц делуваат за подобрување на имунитетот и борба против инфекции, рак и воспаленија. Освен тоа, комбинацијата на антиоксиданси и витамин Ц ги намалува болките и симптомите од ревматоиден артритис и болка во зглобовите и мускулите.

Ви предлагаме да прочитате: Руски рецепт за домашна маст против болки во зглобовите. 

Сподели: