6 напитоци за слабеење и фит тело 1

6 напитоци за слабеење и фит тело

Тајната за губењето на вишокот килограми не се состои само од придржувањето кон одредена диета со храна, исто така тоа зависи и од она што го пиете. Прочитајте кои напитоци за слабеење би биле навистина корисни за побрзо да стигнете до витка линија и фит тело.

Освежителен сок од лубеница и лимон

Супер летно освежување! Ваков сок сигурно немате пробано. Лубениците уште малку ќе ги имаме на пазарите, па вреди да ги искористиме и да се почестиме со освежителен сок од лубеница и лимон. Лубениците се природен диуретик и го помагаат слабеењето. Содржат помалку од 50 калории на 150 грама, а високата содржина на вода поволно делува на варењето на храната и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Лимонот е на самиот врв на листа на намирници кои содржат најповеќе антиоксиданси. И не само тоа, благодарение на лимонската киселина која ја содржат лимоните се неутрализират токсичните материи и нивнито дејство, се олеснува варењето на храната и се забрзува разградувањето на мастите. Рецептот и подготовката прочитајте ги тука.

Со сок од зеленчук до витка линија

Ако сакате да намалите телесна тежина, да го одржите телото во витка форма и истовремено да сте полни со енергија, вистински избор за освежување и телесно оформување е витамински сок од зеленчук! Најдобар напиток за организмот, а посебно додека сте на диета е водата. Повеќе за сокот можете да прочитате тука.

6 напитоци за слабеење и фит тело 2

Напиток од мед и цимет за слабеење

За лековитите својства на медот сигурно сите знаат, но за здравствените придобивки од консумацијата на цимет малку се знае. Циметот го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, сојузник е на срцето, стомакот, цревата, а што е најважно, тој е најдобриот зачин за топење на мастите во организмот и еден од наједноставните природни состојки кои помагаат за намалување на килограмите. Комбинацијата мед и цимет ветува лесно и брзо слабеење, а еве го рецептот.

Витамински напиток за слабеење

Ако веќе сте се одлучиле да пиете вода во поголеми количини, барем нека биде вкусна и збогатена со витамини. Повеќето од нас слушнале за т.н. Саси вода, која претставува витамински напиток за слабеење и поради својата ефикасност се раширила насекаде во светот. Се прави од само неколку состојки, лесно и брзо, а сега ви го откриваме и точниот рецепт за обожаваниот витамински напиток за слабеење.

Домашен напиток за слабеење и топење на стомачни масти

Ако сакате да ослабите во делот на стомакот, овој домашен напиток за слабеење ќе придонесе во голема мера за топење на стомачните масти. Бидејќи народната помош често знае да биде навистина ефикасна, ви предлагаме да го пробате овој природен напиток, кој секој може да го направи дома и лесно, а значајни резултати и ефект на видливо слабеење се забележуваат при секојдневна консумација во период од неколку недели. Рецептот и подготовката прочитајте ги тука.

Здрав спортски напиток „Switchel“

Ако барате рецепт за здрава, природна и вкусна верзија на спортски напиток, време е да ве израдуваме со нешто навистина посебно. Овој спортски напиток, кој во светот е познат под името „Switchel“ има традиција на пиење повеќе од 200 години и време е и ние да се запознаеме со неговите својства. Кликнете тука за да откриете како да го приготвите.

Ви предлагаме да прочитате: 5 пијалаци за брзо слабеење.

Сподели: