6 невообичаени начини да искористите ориз

Ќе бидете изненадени кога ќе дознаете како оризот може да ви помогне да решите некои секојдневни, но и невообичаени проблеми. Искористете го оризот за да го спасите телефонот, да ги исчистите шишињата, да ја негувате кожата на лицето… Ориз за вечера, ориз за ручек! Па, добро, но овие чудни зрнца имаат многу други моќи, освен што нас нѐ држат сити.

Направете декоративни тегли со ориз во боја

Оризот во боја може да го искористите како украс или за играње. Ставете ориз во најлонска ќеса, додајте малку 70% алкохол и прехранбена боја по избор. Затворете ја ќесата и добро протресете за да ја впие оризот бојата. После тоа, оризот извадете го од ќесата и оставете го да се исуши кратко време. Слоевите од оризот во различна боја ставете ги во тегли и изложете ги како украс.

Темелно исчистете ги стаклените шишиња

Пред припремата на зимница, вообичаено собираме многу шишиња кои не можеме лесно да ги исчистиме. Слично е и со вазните и другите стаклени предмети. За полесно чистење, може да ви помогне оризот. Во шишињата ставете зрна ориз, додајте малку топла вода и оставете ги за време од 10 минути. Потоа, шишињата протресете ги силно неколку пати додека дамките и нечистотијата не излезат од стаклената површина. А исто така може лесно да ги исчистите етикетите од теглите и лепакот кој останал врз нив.

ориз

Ако телефонот ви паднал во вода…

Ако фиксниот или мобилниот телефон ви паднат во вода, можете да ги спасите така што, прво ќе ја извадите батеријата, а потоа телефонот ќе го ставите во чинија со ориз. Многу блогери кои го испробале овој трик, потврдуваат дека е ефикасен.

Направете играчки за децата

Оризот може да биде одлична замена за пластичните топчиња со кои се полнат различните играчки. Искористете ги старите чорапи, џемпери и направете играчки за децата или куќните миленици. Наполнете ги со ориз, зашијте ги и играчките се спремни.

Спречете згрутчување на солта и зачините

За да спречите солта во соларниците да се згрутчува, во нив ставете неколку зрна ориз.

За помлада и сјајна кожа

Водата во која сте го свариле оризот е одлична за нега на лицето, а исто така може да направите и маст за раце. Кога ќе се излади, ставете ја во фрижидерот и искористете ја во рок од 3 дена. Со помош на памук нанесете ја на лицето, оставете ја кратко да делува, а потоа измијте го лицето. Се препорачува да се користи водата во која сте вареле интегрален ориз, која е богата со витамин Е, а кожата ќе добие здрав сјај.

Ви препорачуваме да прочитате: Готвите ориз или тестенини, не фрлајте ја водата.

Сподели: