6 необични начини да искористите путер во домаќинството.

6 необични начини да искористите путер во домаќинството

Кога станува збор за вкусниот путер сите знаеме дека е една од многу применуваните намирници во секојдневниот живот, а посебно во кујната. Овој пат ќе ве запознаеме со поинаква насока за неговата корист, освен за готвење путерот има неколку други својства кои е добро да ги знаете за да може да ги искористите во потребен момент.

Точно е дека путерот е намирница која е богата со заситени масти и нејзиното често консумирање може да доведе до угоеност, па препорачуваме уморена консумација бидејќи сепак најважно од сѐ е да се размислува за здравјето. Но, добро е да знаете дека освен во исхраната путерот може да се користи и на други начини. На пример, ако прстенот ви заглави на прстот тријте со малку путер и полека ќе го отстраните. Доколку во текот на зимата или поради ветер усните ви испукале, намачкајте ги со малку путер, измасирајте и отстранете го. Усните ќе ви бидат сјајни, меки и нахранети.

Путерот може да ви помогне во нешта на кои не сте ни помислиле, за сјај на металните предмети дома, за отстранување на траги од колани, ташни, јакни итн.

6 необични начини да искористите путер во домаќинството

Отстранете лепак

Доколку ви остане лепило на рацете додека работите со лепило, често водата и сапунот не можат да ги отстранат остатоците. Ставете путер на двете раце и измијте ги со сапун и вода. Лепакот брзо ќе се отстране.

Непријатен мирис

Често рацете, ножот и садовите мирисаат непријатно после чистење риби. Нанесете путер на местата кои се замирисале и измијте со топла вода и сапун или детерген за садови. Мирисот ќе исчезне.

Отстранете смола

Ако видите смола на вашиот автомобил, ставете путер на загрозеното подрачје и со помош на мека крпа истријте. На крај повторно измијте со сапун и вода, автомобилот ќе ви биде потполно чист.

Подмачкајте ги ножевите

Ако се спремате да ја сечете роденденската торта, а ножот не ви овозможува убави парчиња, секогаш кога сечите леплива храна како печива, торти, карамел и сл., намачкајте го ножот со малку путер и пресечените рабови секогаш ќе бидат мазни.

Заплеткан накит

Доколку не можете да го отплеткате јазолчето на златното ланце, само намачкајте со путер и нешто истријте го, ќе се размрда и ќе се отвори. Потоа, полека измијте го со сапун.

Занимација за животни

Доколку мачката ви смета или сте ја понеле некаде со себе, намачкајте и ги шепите со путер и ќе биде зафатена со нив, ќе ги лиже и ќе игра самата со себе без да смета.

Сподели: