6 причини зa да го вклучите просото во исхраната

Просото е една од најстарите житарки. Тоа на почетокот се сметало за храна на сиромашните и се користело најчесто како сточна храна. Денес се знае дека просото е исклучително здраво и хранливо. Не содржи глутен, а тоа е причина плус за што почесто да се најде на нашите трпези. Но, тоа не е сѐ! Ви претставуваме 6 добри причини кои ќе ве мотивираат да ги вклучите просото во исхраната. 

Просото е одличен прилог за салати или додаток во супи и варива. Но, покрај тоа што тоа го збогатува вкусот на јадењата во кои се додава, просото исто така изобилува со протеини, растителни влакна, магнезиум и други хранливи материи. Во прилог ви претставуваме неколку причини зошто просото треба да го вклучите во вашата сакојдневна исхрана.

просо

Претставува исклучително хранлива житарка

Просото е одличен извор на протеини, растителни влакна, витамини од групата Б, манган, бакар, фосфор и магнезиум. Во споредба со другите житарки, тоа има најдобар аминокиселински состав и е најбогато со железо.

Го подобрува варењето на храната

Благодарение на високата содржина на растителни влакна, просото ја помага елиминацијата на отпадните материи од цревата и со тоа спречува опстипација (запек). Исто така, помага и при ослободување од чувството на надуеност и гасови. Просото се дигестира најлесно од сите житарки и помага во постигнувањето на алкална средина во организмот.

Помага во зачувување на здравјето на срцето

Веќе споменавме дека просото е извор на растителни влакна, магнезиум и калиум. Оваа моќна тројка делува мошне поволно на здравјето на крвните садови и на срцето, затоа што допринесува во регулацијата на холестеролот и крвниот притисок.

Може да ве интересира: Здрава салата со просо, спанаќ и бадеми (оброк).

Превенира создавање на камен во жолчката

Просото содржи нерастворливи растителни влакна кои помагаат во превенцијата против создавањето на камен на жолчката. Тоа, исто така, помага и во регулацијата на цревната перисталтика.

Консумацијата на просо во исхраната превенира астма

Некои истражувања покажале дека консумацијата на интегрални житарки, како просото, може да превенира појава на астма. Имено, била направена студија со која се утврдило полезното дејство на интегралните житарки во исхраната кај децата и помалата појава на астма. Се смета дека тоа се должи на магнезиумот кој го има во поголеми количини во просото, а истиот помага во релаксирањето на дишните патишта.

Го намалува заморот

Просото се препорачува да се консумира при опоравување од болести и пропратниот замор, бидејќи содржи витамини од Б групата и железо.

Ви препорачуваме да прочитате: Просо –  безглутенска житарка која го чува срцето и ткивата.

Сподели: