перење облека

6 тајни да се задржи убавата боја на облека при перењето

Без употреба на скапи детергенти, без ризик од штетни хемикалии, а при тоа и без многу напор, на многу лесен и едноставен начин направете нешто добро за вашата облека.

Погледнете ги, а воедно добро би било да почнете да ги применувате овие неколку трикови со чија што помош вашата бела облека секогаш и при секое перење ќе остане бела, а шарената облека ќе ја задржи својата боја што подолго.

перење облека

Бела облека

Дали вашите бели алишта имаат тенденција кон добивање на бело-сива нијанса? Белите чорапи изгледаат како да се валкани, без разлика колку често и долго ги перете? Обидете се со некои од следниве, докажани методи кои на белата облека ќе и помогнат да остане идеално бела.
Сода бикарбона: Пред перење, облеката потопете ја во раствор од 4 литри вода и 150 грама сода бикарбона.
Аспирин: Пред перењето, натопете ја облеката во топла вода во која претходно сте растопиле пет аспирини од 325 mg.
Алкохолна киселина: Додадете 240 мл алкохолна киселина пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.

Црна и шарена облека

Секое обоено парче облека, па дури и да е најскапо и поквалитетно склоно е кон губење на бојата и негово бледнеење со текот на времето. Добро би било да примените некои трикови кои ќе ви помогнат што подолго да ја зачувате оригиналната боја на вашата шарена и црна облека за таа да изгледа како нова и тогаш купена.
Кафе или чај: На црна облека, додадете 1/2 литар кафе или црн чај пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.
Сол: На шарената облека, како што е темно сината или виолетовата, додадете 200 грама сол пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.
Алкохолна киселина и сол: За да спречите вашите фармерки да избледнеат, натопете ги во солена вода или во раствор од вода и алкохолна киселина, во размер од  50:50 и тоа пред првото официјално перење. А потоа пред да ги ставите во машината за перење, фармерките исплакнете од ги со ладна вода.

Сподели: