6 факти кои можеби не сте ги знаеле за пробиотиците 1

6 факти кои можеби не сте ги знаеле за пробиотиците

Иако за пробиотиците во последно време се зборува многу, сепак ретко кој знае нешто повеќе за овие корисни микроорганизми. Еве што лекарите сметаат дека треба да знаете во врска со нив.

Се повеќе луѓе користат пробиотици во облик на суплементи. Па затоа, ние издвоивме за вас 6 факти кои треба да ги знае секој кој консумира пробиотици.

6 факти кои можеби не сте ги знаеле за пробиотиците 2

Пробиотиците можат да го подобрат имунитетот

Под пробиотици не спаѓаат само бактерии, туку и некои квасни габи. Обично за нив се вели дека  се добри бактерии кои се или идентични или слични со оние кои веќе живеат во цревата на луѓето и позитивно влијаат на здравјето. Тие помагаат во одржувањето на здравјето на органите за варење, а тоа е дирекно поврзано со имунолошкиот систем и општата здравствена состојба.

Пробиотиците можат да ги подобрат проблемите со цревата

Пробиотиците несомнено можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем, особено во поблагите случаеви на пореметувања на цревата како што е синдромот на иритабилни црева. Овој синдром е функционално пореметување и постојат медицински докази дека пробиотиците можат да ги ублажат неговите симптоми. Тие ја нормализираат перисталтиката на цревата и ги ублажуваат болките и гасовите.

Пробиотиците не можат да ги заменат лековите

Иако пробиотиците можат да помогнат, сепак само консумирањето на пробиотици не може да ја заменат препишаната терапија. Важно е да се знае дека пробиотиците сами по себе не можат да излечат пореметување на некој орган за варење, па дури ни пореметување како што е синдромот на иритабилни црева.

Различни пробиотици имаат различна намена

Има многу врсти на пробиотици и не делуваат сите исто. Се докажало дека Lactobacillus и Bifidobacterium најмногу се користат за ублажување на гастроинтестиналните проблеми. Lactobacillius го помага имунитетот и се бори против штетните бактерии. Bifidobacterium го инхибира развојот на штетните бактерии, го поддржува имунитетот и ја обновува цревната флора. Затоа е добро да се консултурате со вашиот доктор кога започнувате да користите суплемент со пробиотици за тоа која врста е најдобра за вашиот проблем.

Пробиотиците не се замена за разновидна исхрана

Доколку вашата цревна флора е во добра состојба, важно е и понатаму да ја одржувате така.

При тоа, за пробиотиците да можат да растат и да се развиваат потребни им се и пребиотици. Пребиотици се нерастворливи јаглехидрати кои делуваат како нивно гориво. Тие природно се наоѓаат во нерастворливите растителни влакна, како на пример во интегралните житарки и во суровото овошје и зеленчук. Но, ако се храните лошо и неурамнотежено, пробиотиците нема во потполност да бидат искористени.

На здравите луѓе не им се потребни суплементи и пробиотици

Нема докази кои потврдуваат дека на здравите луѓе кои немаат здравствени проблеми им е потребно да земаат суплементи и пробиотици. Некои намирници кои се дел од нормалната и избалансирана исхрана, природно содржат изобилство на пробиотици кои несомнено придонесуваат за здравјето на органите за варење. Така, ако сте здрави нема потреба да земате капсули со пробиотици, но секако препорачливо е да консумирате кисела зелка, кефир и некои ферментирани сирења кои се природен извор на пробиотици.

Ви препорачуваме да прочитате: Што се пробиотици и како може го подобрат вашето здравје?

Сподели: