салати со домати

7 брзи и летни салати со домати

На лето јадете повеќе салата, а помалку месено и манџи? Тоа е типична летна исхрана кога времето е многу топло, па чувствуваме потреба да каснеме нешто свежо и лесно. А летните денови не може да се замислат без вкусните салати со домати.

Затоа, драги пријатели ја направивме оваа листа на нашите омилени летни салати со домати. Изберете си неколку и пробајте ги во текот на наредните денови.

Оригинален рецепт за подготовка на капрезе салата

Капрезе салата е многу едноставна италијанска салата, која потекнува од италијанската област Кампања. Традиционално се приготвува со моцарела сирење, сечкани домати и листови босилек, зачинета со сол и маслиново масло. Рецептот за капрезе салатата, прочитајте го тука.

Шопска салата

Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. Домати, краставици, пиперки и бело сирење, споени во највкусната македонска салата. Традиционалниот рецепт за подготовка на шопската салата, прочитајте го тука.

летни салати со домати

Брза летна салата со домати и сланина

Како што вели и самото име, баш е така! Брзата летна салата со домати и сланина е секогаш добредојдена во топлите денови. Свежа, хранлива, сочна и примамлива! Рецептот за оваа салата, прочитајте го тука.

Салата со домати, марула и сланина

Гурманска салата со домати, марула, сланина и варени јајца, прелиена со вкусен сос од јогурт, мајонез и сок од лимон. Одлична идеја за вечера кога не сте премногу гладни или како дополнување на ручекот. Ако ги имате сите состојки на располагање, еве го рецептот за оваа салата.

Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела

Панзанела е многу популарна летна италијанска салата која се припрема со домати и свежо печен леб. Понекогаш во салатата се додава кромид и босилек, со додаток на прелив од маслиново масло и киселина. Рецептот за Панзанела, прочитајте го тука.

Рецепт за познатата шеф салата

Една од популарните салати ширум светот која лесно и брзо се припрема е познатата шеф салата. Потекнува од Америка и традиционално се припрема со варени јајца, различни меса, како шунка, мисиркино, пилешко или печено телешко месо, домати, краставици и сирење, сите сервирани врз марула или друг зелен лиснат зеленчук. Ако ви се допаднаа наведените состојки, еве го рецептот за шеф салатата.

Салата од модар патлиџан, наут и сирење

На блогот Trydiani го најдовме овој интересен рецепт за салата од модар патлиџан приготвен на скара, наут и сирење, а вкусот е надополнет со сос од маслиново масло, лук, сенф и лимон.

Ви препорачуваме да прочитате: 11 избрани рецепти за посни салати и прилози.

Сподели: