нискокалорични зеленчуци

7 најдобри нискокалорични зеленчуци за супер здравје, енергија и фит форма

Ви приготвивме листа на најдобрите 7 нискокалорични зеленчуци кои може да ги јадете без грижа дека ќе се здебелите. Не само што се диетални, туку и многу здрави.

Иако не постои храна која има 0 калории, сепак некои намирници може да ги јадете во поголема количина, а да не се грижите за својата линија. Во оваа група спаѓаат овошјето и зеленчукот кои не содржат скроб. Поголемиот дел од нив се богати со многу вода, имаат малку калории и богати се со растителни влакна кои даваат чувство на ситост. Еве кои 7 зеленчуци ги сместивме во оваа категорија.

нискокалорични зеленчуци

Целер

Скоро 95% од целерот и припаѓа на водата, но тоа не значи дека не е хранлив. Целерот содржи калиум, фолна киселина, растителни влакна и задоволува 30% од дневните потреби со важниот витамин К. Една чаша целер содржи само 6 калории. Најдобро е да се консумира свеж, а ако го оставите да стои 5 до 7 дена, ќе ги изгуби антиоксидансите кои ги содржи. Дознајте зошто за целерот се вели дека е борец за витка линија, свеж здив и штити од леукемија.

Зелена салата

Богата е со витамините А, Ц, фолна киселина и железо. Во просек една чаша зелена салата содржи од 10 до 20 калории.

Краставица

Слично како и целерот, поголемиот дел од краставицата и припаѓа на водата. Една чаша сечкана краставица содржи само 16 калории. Хранливите состојки се концентрирани во семето и кората, па најдобро е да се јаде со кора, доколку ја најдете непрскана или органски одгледана.

Домати

Најпознати се по тоа што содржат ликопен, каротеноид кој придонесува за здраво срце и крвни садови. Од витамините ги содржат А, Ц, Б2, фолна киселина, а од минералите хром, калиум и други. Еден домат со средна големина има околу 25 калории. А за да ви го олесниме изборот ви предлагаме 7 брзи и летни салати со домати.

Карфиол

Карфиолот е многу хранлив зеленчук, кој е одличен извор на фолна киселина, витамините Ц и К, и растителни влакна. Содржи антиоксиданси и фитонутриенти кои делуваат превентивно против разни болести. Една чаша карфиол има само 25 калории.

Брокула

Дали знаете дека брокулата е најхранлива кога се јаде приготвена кратко на пареа? Богата е со витамините А, Ц, Е и К. Содржи сулфорафан, состојка за која се знае дека делува антиканцерогено. Една чаша брокула задоволува околу 20% од препорачаните количини за растителни влакна, а има само 31 калории.

Кељ

Кељот е една од ретките намирници кои содржат омега 3 масни киселини. Една чаша свеж кељ има само 33 калории, скоро 3 грама протеини и 2.5 грама растителни влакна.

А ако сте во потрага по оброци кои се нискокалорични, имаме супер предлог и понуда. Нашите пријатели од Slim Line Club ни предлагаат два шејка SLC Meal Replacement Strawberry 1+1, па неверојатна акциска цена. Лесно и брзо може да направите вкусен и хранлив заменски нискокалоричен напиток богат со протеини, диетални влакна и неопходни витамини и минерали. Дава ситост и намален апетит, ја зголемува желбата за вода и го помага варењето на храната. Уживајте во шејкот како оптимален појадок, ручек или вечера за ефикасна контрола на тежината. Ние ги имаме користено за подготовка на различни рецепти, како што се:

За да ја искористите оваа супер понуда, посетете ја онлајн продавницата или јавете се на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични и полесно сварливи, а подеднакво вкусни.

Сподели: