антиоксиданси

7 причини да јадете храна богата со антиоксиданси

Сигурно досега сте прочитале или слушнале дека антиоксидансите се многу важни за нашето здравје. А голем број на експерти апелираат дека треба да се стремиме да консумираме храна богата со антиоксиданси за да ја спречиме појавата на болести.

Но, дали навистина знаете како антиоксидансите придонесуваат за доброто здравје и која храна содржи најмногу од нив? Човековиот организам постојано е изложен на штетните влијанија од своето опкружување: смогот, алкохолот, хемиските средства, хроничните инфекции, стресни состојби. Научните истражувања потврдуваат дека при дејство на овие штетни и ризични фактори, во телото се создаваат слободни радикали, кои делуваат разорно на ткивата на организмот, така што го спречуваат нормалниот раст, развој и регенерација на клетките. 

Што се тоа антиоксиданси?

Антиоксидансите се супстанции кои ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Многу експерти веруваат дека слободните радикали придонесуваат за побрзо стареење, а исто така овозможуваат развој на малигни болести, инфаркт и артериосклероза. Затоа се препорачува редовна консумација на храна која е богата со антиоксиданси, како свежото овошје и зеленчуците.

Најпознати антиоксиданси се:

  • Витамин Е – ја спречува оксидацијата на мастите.
  • Бета каротен и витамин А – го поттикнува растот и развојот на клетките кои ја заштитуваат кожата и слузокожата.
  • Витамин Ц – е познат по своите антибактериски и антиалергиски својства.
  • Селенот од клучна важност за создавањето на белите крвни клетки со што значително ја зајакнува функцијата на имуниот систем и притоа му овозможува на организмот ефикасно да се бори против болестите и инфекциите.
  • Цинкот е од есенцијална важност за оздравувањето и правилниот раст и развој на новоформираните клетки.
  • Коензим Q 10
  • Гинко Билоба
  • Семки од грозје.
антиоксиданси

Која е функцијата на антиоксидансите во телото?

Главната улога на антиоксидансите е да го штитат организмот од дејството на штетните радикали, а имаат повеќе функции како:

  • Го забавуваат стареењето и го чуваат здравјето на очите.
  • Го намалуваат нивото на холестерол во крвта.
  • Го намалуваат ризикот од атеросклероза и појава на рак.
  • Штитат од срцев инфакт и мозочен удар.
  • Помагаат за намалување на разојот на тумурите.
  • Помагаат во одбраната од штетните последици од чадот од цигарите
  • Обезбедуваат заштита од хроничните, белодробни болести, како што се астма и бронхитис.

Топ 5 намирници богати со антиоксиданси

За да се одржи оптималното здравје, многу е важно да се прави правилен избор на храната која секојдневно ја консумираме. Притоа, при секој оброк потрудете се да внесувате храна која е богата со антиоксиданси, не е преработена и не е приготвена со пржење. Намирници кои што изобилуваат со антиоксиданси се:

Сподели: