7 докажани здравствени придобивки од употребата на кељ 1

7 докажани здравствени придобивки од употребата на кељ

Како дел од фамилијата зелки, кељот се вбројува во групата на најздрави зеленчуци. Има само малку калории, но затоа пак изобилува со корисни материи неопходни за правилна функција на организмот и за заштита од појава на здравствени проблеми и болести.

Кељот може да го подобри нашето здравје на повеќе начини. Тој е богат извор на антиканцерогени, антиоксидантни и антивоспалителни материи што значи дека не штити од напади од слободните радикали, ги ублажува воспаленијата и превенира појава на малигни заболувања. Содржи малку калории, а изобилува со огромни количества на витамините А и К. Исто така содржи и големи количини на витамин Ц. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за неговата вредност и значење за организмот, кликнете тука.

кељ 22

Во текстот што следува ви откриваме седум докажани здравствени придобивки од употребата на кељ во вашата исхрана:

  1. Кељот е една од ретките намирници кој е исклучително богат со нутриенти, а притоа сиромашен со калории. Тој е одличен извор на витамини и минерали.
  2. Кељот е одличен извор на моќни антиоксиданти како што се камферолот и кварцетинот.
  3. Овој зеленчук може да го намали нивото на холестерол во крвта, со што не штити од појава на кардиоваскуларни болести. Состојките кои го овозможуваат ова, стануваат многу поефективни доколку кељот го обариме, така што овој начин на негова подготовка е совршен избор ако сакаме максимално да го искористиме неговиот потенцијал за намалување на холестеролот.
  4. Кељот е богат извор на разни антиканцерогени материи. Една од овие состојки е сулфурофанот-за која е покажано дека спречува формирање на малигни клетки на молекуларно ниво. Друга ваква супстанца за која се смета дека може да делува антиканцерогено е и индол-3 карбинолот.
  5. Кељот е одличен извор на минерали кои често луѓето ги внесуваат во недоволна количина. Тој е добар растителен извор на калциум, а исто така содржи и извесно количество на магнезиум, и малку калиум. Главната предност на кељот во однос на спанаќот е пониската содржина на оксалати, што го прави подобар избор  за лица со бубрежни заболувања.
  6. Кељот е богат со зеаксантин и лутеин-моќни нутриенти кои го штитат здравјето на нашите очи. Намалување на видот е многу чест придружник на процесот на стареење, но ние имаме добра вест за вас, а тоа е дека одредени нутриенти може да го подобрат здравјето на очите. Токму лутеинот кој го има и во кељот, е нутриент кој е познат како најмоќен заштитник на видот.
  7. Кељот е погоден за лица кои се на редукциони диети (диети за намалување на телесната маса). Кељот содржи малку калории, а многу нутриенти и вода, така што слободно можете да го вклучите во вашата исхрана доколку сте на диета.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате и прокељ – моќен природен борец против ракот.

Сподели: