7 избрани рецепти за пилешко во сос 1

7 избрани рецепти за пилешко во сос

Разни рецепти за ралични вкусови! Пилешкото месо е едно од најмногу консумираните, а можеби и најчест избор од љубителите на нискокалорична и здрава храна. Изберете за себе рецепт за пилешко во сос и уживајте во вкусот.

Пилешко месо во сос од печурки и вино

Пилешки вкусен специјалитет за сечија трпеза! Изненадете го семејството со вкусен ручек припремен од пилешко месо во сос од печурки, бело вино, кашкавал и павлака. Комбинацијата на состојки, сигурно ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите, а еве го рецептот.

Пилешко со тиквички во кари сос

Ако сакате да каснете нешто што е здраво и не содржи многу калории и масти, ова е вистинскиот рецепт за вас. Овај пат во нашата кујна ви приготвивме интересен предлог за пилешко во кари сос во комбинација со тиквички, кој може да го послужите за ручек или вечера. За да го погледнете рецептот кликнете тука.

Пилешко во кари сос со зеленчук и ориз

Во нашата кујна ви приготвивме интересен предлог за пилешко во кари сос во комбинација со зеленчук и ориз, кој може да го послужите за ручек или вечера. Штом еднаш ќе го пробате, сигурно ќе се најде на вашата листа на омилени рецепти, а добро е тоа што не содржи глутен. Одлично изгледа, погледнете тука!

7 избрани рецепти за пилешко во сос 2

Пилешко во бешамел сос

Пилешеко, печурки, бело вино и бешамел сос за фантастично вкусен ручек или вечера. Рецептот за пилешко во бешамел сос ни го испрати Даниела, па сега сите имаме можност да го дегустираме и да уживаме во богатиот вкус.

Пилешко во бел сос

Ручајте пилешки специјалитет како во луксузен ресторан! Тајната на вкусот е едноставна, но за да јадете вака вкусно пилешко во бел сос мора да ги знаете сите мали детали. Откако ќе пробате нема да сакате да престанете да јадете, превкусно и несекојдневно! Кликнете тука за рецептот.

Пилешко со моркови во бел сос

Ако и вие не сакате да поминувате многу време во кујната, а сте љубител на специјалитети, ова е вистинскиот рецепт за вас: пилешко со моркови во бел сос.

Пилешко со зеленчук во сос од вино

Вкусен специјалитет од нашата кујна! Брзо и лесно направете сочно пилешко со зеленчук припремено во сос од вино. Состојките кои се користат се нискокалорични, богати со растителни влакна, па овој рецепт го препорачуваме за сите кои внимаваат на својата тежина и водат здрав живот. Друга придобивка е тоа што ова јадење не содржи глутен. Погледете го рецептот тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за сочно пилешко месо.

Сподели: