7 лесни рецепти за салати со варени јајца

Ако ви останале повеќе варени јајца од велигденските празници и не знаете како да ги искористите имаме неколку супер рецепти за салати. Кус кус, мимоза, пилешка, крем салата и други салати се наш избор кои вреди да се пробаат.

Која салата е ваш фаворит?

Салата со јајца и кисели краставички

Доколку ви сте љубител на кремасти салати ви предлагаме да ја пробате оваа салата со јајца и кисели краставички, која ја приготвивме во нашата кујна. Може да ја послужите како прилог со ручекот или да ја ставите во сендвич. Брзо се припрема, а е многу вкусна! Рецептот за салата со јајца и кисели краставички прочитајте го тука.

Редена кус кус салата со варени јајца

Оваа супер кус кус салата се јаде во секое време од денот! Многу е интересна за правење, а вкусот е малку различен од сите салати на кои сме навикнале да ги јадеме често. Нејзината редена структура и дава посебен лик, пробајте ја и вие дома! Рецептот ќе го најдете тука.

рецепти за салати со варени јајца

Пилешка салата со макарони

Кога ќе го пробате вкусот на нашата пилешка салата со макарони ќе знаете дека е тоа е можеби најсовршениот состав на состојки кои ги избра Клара. Вреди да се проба, а рецептот прочитајте го тука.

Крем салата со тартар сос и печурки

Секој кој е љубител на вакви вкусни салати мора да ја проба оваа експресно брза и многу лесна за подготовка крем салата со тартар сос и печурки.  Рецептот за крем салатата со тартар сос и печурки доаѓа директно од нашата кујна и ви потврдувавме дека бескрајно уживавме во вкусот!

Салата со домати, марула и сланина

Гурманска салата со домати, марула, сланина и варени јајца, прелиена со вкусен сос од јогурт, мајонез и сок од лимон. Одлична идеја за вечера кога не сте премногу гладни или како дополнување на ручекот. Рецептот за оваа салата ќе го најдете тука.

Туна салата со домашен прелив

Пробајте ја вкусната туна салата со прелив кој ќе го приготвите сами. Доаѓа од интернационалната кујна, а рецептот прочитајте го тука.

Редена мимоза салата

Некој можеби пробал, а некој не, како и да е оваа салата е многу вкусна, освежителна и хранителна. Некој и дал свое име, а ние ја нарековме редена мимоза салата. Повикајте друштво и задолжително пробајте ја!

Ви предлагаме да прочитате: 11 избрани рецепти за посни салати и прилози.

Сподели: