7 испробани рецепти со модар патлиџан

Овој здрав зеленчук во изобилство го има на пазарите, па кога, ако не сега ги направиме најдобрите испробани рецепти со модар патлиџан.

Модриот патлиџан бил омилен зеленчук на многу кралеви и кралици низ вековите, а се одликува со исклучително здрави хранливи карактеристики и многу ниска калорична вредност. Тоа е одлична вест за сите кои внимаваат на внесот на калории и се во битка со вишокот на килограми.

Салата од модар патлиџан, наут и сирење

На блогот Trydiani го најдовме овој интересен рецепт за салата од модар патлиџан приготвен на скара, наут и сирење, а вкусот е надополнет со сос од маслиново масло, лук, сенф и лимон. Рецептот за оваа салата, прочитајте го тука.

Вегетаријански намаз од зеленчук

Вкусно, посно, нискокалорично, без глутен и здраво! И овој пат Невена ни испрати прекрасен рецепт за вегетаријански намаз од зеленчук, кој не содржи конзерванси, брашно и други адитиви.

рецепти со модар патлиџан

Мини пици од модар патлиџан

Пицата е едно од најомилените јадења на милиони луѓе ширум светот и секој знае да ја приготвува на еден или друг начин. Овој пат, Невена ни предложи интересен начин за подготовка на мини пици, во кој наместо тесто, се користи модар патлиџан. Рецептот за подготовка на вкусните мини пици од модар патлиџан, прочитајте го тука.

Лазања со печурки, модар патлиџан и тиквичка

Постојат голем број рецепти за лазања и многу различни варијации на ова популарно италијанско јадење. А, ако немате идеја што да приготвите за ручек, ви предлагаме да ја направите оваа сочна вегетаријанска лазања со печурки, модар патлиџан, тиквички и моцарела.

Тестенини со ќофтиња од мелено месо

Ако обожавате да јадете тестени специјалитети со месо, не би можеле да направите подобар избор од испробаниот рецепт за тестенини со ќофтиња кој ни го предлага нашата пријателка од блогот Kuhinjica mignone. Богат вкус на месо во сос и чувство на полн стомак! Рецептот прочитајте го тука.

Посна компир пита во тава

Ајде да пробаме малку поинаква пита спремана во тава! Лесна е за јадење, а вкусот одличен, лесен и богат истовремено. Добро е што вака припремената посна пита во тава може да се јаде, секогаш и секаде дури и за време на пости.

Ќофтиња од модар патлиџан и кашкавал

Одличен рецепт за вегетаријански ќофтиња од модар патлиџан! Комбинацијата на модар патлиџан, кашкавал и пармезан, сигурно ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите. А на сите нас ни останува да го пробаме рецептот и да ги дегустираме овие вкусни ќофтиња!

Ви се допаѓа ли изборот на овие лесни рецепти со модар патлиџан?

Ви предлагаме да прочитате: Намаз од домати и модри патлиџани.

Сподели: