kujnski trikovi 1

7 кујнски трикови кои мора да ги знаете

Прженото месо секогаш ви излегува суво, а не е сочно? Ви се лизга даската при сечкање на храна? Ако постојано барате начин да ја олесните работата во кујната, сте на вистинското место. Постојат голем број кујнски трикови, кои доколку ги применувате ќе направите фантастични јадења и ќе заштедите време во кујната.

Всушност, добро приготвениот рецепт не зависи од состојките кои се употребени, туку од начинот на нивната подготовка. Еве 7 кујнски трикови кои секој треба да ги знае:

Отвореното вино испијте го во рок од неколку денови

Доколку сте љубители на вино, би требало да знаете дека тоа останува свежо само неколку дена по отворањето. Со употребување на специјални тапи за шишиња, овој рок се продолжува незначително. Затоа, пијте побрзо!

Тајната на сочното месо се крие во начинот на пржење

Една од најголемите грешки при пржењето месо е ставање премногу парчиња да се готват во исто време. За да зготвите сочно и кревко, а не тврдо и суво месо, морате да оставите доволно простор помеѓу парчињата во тавчето. Толку е едноставно!

Кога правите јадења со растопен кашкавал или сирење…

Кога во рерната печете некој рецепт во кој има и сирење, секогаш додавајте го 5 минути пред да го извадите јадењето од рерната. Во спротивно, доколку сирењето долго време се пече, ќе прегори и ќе стане тврдо, па ќе биде невкусно и тешко за џвакање.

кујнски трикови

Ви се лизга даската при сечкање на храната?

Користете кујнска крпа под вашата даска за сечкање, за таа да не се лизга по кујнската плоча додека сечкате храна.

Направете привлечно пире без грутчиња

Кога правите пире, секогаш употребувајте топло млеко. Ладното млеко им дава сива боја компирите, па пирето ќе изгледа потемно и помалку привлечно за јадење. Но, ако додавате топло млеко и пак не сте задоволни од изгледот, тогаш можеби правите некоја од овие 7 грешки при подготвување на пире.

Наместо варени, направете печени јајца во рерна

Ако треба да сварите многу јајца, на пример за некоја свечена прослава, не ги ставајте во големо тенџере со вода. Едноставно, наредете ги во рерната и испечете ги. Со тоа целта ќе биде лесно постигната. Постапката за приготвување на јајцата во рерна, прочитајте ја тука.

Брзо направете домашен мајонез

Доколку итно ви е потребен мајонез, а немате време да го купите или пак продавниците се затворени, едноставно измешајте со миксер 1 јајце со 150 мл маслиново масло. Доколку на располагање немате маслиново масло, еве друг рецепт за домашен мајонез кој е готов за 5 минути. А да не ги заборавиме и љубителите на посна храна. За нив имаме рецепт за посен мајонез.

Доколку и вие сте љубители на кулинарството, се надеваме дека овие кујнски трикови на големите готвачи, ќе ви се најдат во следниот пат кога ќе готвите нешто вкусно. Имате некој ваш, интересен трик кој секогаш го применувате?

Автор: Кристина, уредник на fashioncorner.net, странски портал за мода и убавина.

Ви предлагаме да прочитате: 12 совети кои ќе ви заштедат време во кујната.

Сподели: