recepti so brokula 1

7 лесни рецепти со брокула

Привлечната брокула се смета за вистинска ризница од витамини и хранливи материи. Нејзиниот совршен и софистициран изглед ги плени нашите сетила, одмор за очите и празник за усните. Па, ако сакате почесто да ја вклучите во исхраната, а не знаете како да ја приготвите, повелете листа од 7 лесни рецепти со брокула, за главно јадење, предјадење, тестенини и чорби кои ги припремија авторите на sezahrana.mk.

Брокулата особено се препорачува во превенција и заштита од канцер, како и при разни нискокалорични и диетални режими на исхрана. Таа е интересен зеленчук кој нуди разни можности за подготовка. Можете да ја претворите во разни јадења или прилог и тоа на едноставен начин.

рецепти со брокула

Ориз со брокула и моркови

Ако ви досадил класичниот начин на приготвување на ориз, време е да го пробате го нашиот нов рецепт. Интересна комбинација од ориз, брокула, морков, целер и куркума за екстра вкус, по предлог од Катерина. Рецептот за подготовка на ова јадење, прочитајте го тука.

Печени тестенини со брокула и карфиол

Тестенините се омилена храна на многумина, а често се прашуваме како да ги подготвиме за да биде вкусот малку поинаков од оној на кој секојдневно сме навикнале. Овој пат ви предлагаме да пробате печени тестенини со брокула и карфиол како интересна и вкусна варијанта полна со зеленчук и хранливи материи.

Крем супа од брокула

Крем супите од зеленчук се едни од најздравите и најхранливите супи. И не само што се хранливи и здрави, тие се многу вкусни. Од бројните видови на зеленчук со кои можете да направите ваква крем супа ние ви предлагаме да направите крем супа од брокула.

Уштипци со брокула

Одличен лесен вкус на јадење богато со зеленчук. Прекрасен спој на состојки кои ни ги избра Катерина М и нé почести сите нас со супер рецепт за симпатични уштипци со брокула. Потребно е да издвоите само малку време и да ги направите, затоа што навистина се вредни за секоја издвоена минута! Рецептот за највкусните уштипци со брокула прочитајте го тука.

Брз здрав прилог од брокула со лук

Ако ви треба брз рецепт за здрав прилог од брокула, вие сте на вистинското место. За да го направите овој прилог потребни ви се само неколку состојки, а рецептот ни доаѓа од кујната на Невена.

Посна крем чорба од брокула

За време на пости или кога едноставно сакате да каснете нешто здраво и вкусно, Невена ви предлага одличен рецепт за посна крем чорба од брокула, која вреди да се проба. Рецептот за посната крем чорба од брокула, прочитајте го тука.

Фритата со сирење, шунка и брокула

Фритата е нешто покомплексна врста на кајгана, која обично е направена од многу состојки. Исто така, обичај за фритата е тоа што прво се пржи на оган, а потоа се допекува во рерна. Ние ви презентираме супер рецепт за фритата со сирење, шунка и брокула.

Како ви се допадна листата на избраните рецепти со брокула? Кој е вашиот фаворит?

Ви предлагаме да прочитате: Тајни кои треба да ги знаете за да изберете и јадете свежа брокула.

Сподели: