Топ 7 намирници кои ги чистат артериите

Болестите на срцето се водечки причинители на смрт во светот. Запушените артерии претставуваат најголем ризик од срцев и мозочен удар, ограничувајчи го протокот на крвта низ телото. Стресот, физичката неактивност и нездравата исхрана лошо влијаат на крвните садови и често доведуваат до запушување на артериите.

Но, со правилна исхрана може во голема мерка да ги заштитиме крвните садови и да овозможиме крвта нормално да циркулира.

Топ 7 намирници кои ги чистат запушените артерии

Брусници

Брусниците се исклучително богати со антиоксиданси, кои придонесуваат за намалување на нивото на лошиот холестерол, па така се штитат крвните садови. Исто така тие помагаат за намалување и спречување на формирањето на наслаги на артериите.

Сок од портокал

Секојдневната консумација на портокали или сок од портокал (без додаден шеќер) може да допринесе за нормализирање на крвниот притисок. Овој сок содржи многу антиоксиданси и витамин Ц, кои помагаат артериите да останат чисти, благодарение на тоа што го спречуваат оксидативното оштетување во крвотокот.

Домати

Ликопенот е антиоксиданс кој ја дава убавата црвена боја на доматите, а истражувањата покажале дека исхраната богата со ликопен, може значително да ја намали оксидацијата на лошиот холестерол која води до артериосклероза.

артерии

Чија семе

Чија семето е сјаен извор на енергија и помага за регулација на течноста во организмот (спречува дехидратација). Богато е со растителни влакна и алфа-линоленска киселина која помага за регулирање на крвниот притисок, ги намалува триглицеридите и лошиот холестерол.

Киви

Кивите се исклучително богати со флавоноиди кои ги чистат крвните садови и го намалуваат воспалението. Тие исто така, изобилуваат со растителни влакна кои го намалуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.

Сладок компир

Слаткиот компир содржи растителни влакна кои го намалуваат холестеролот, а исто така е богат со калиум, бета-каротин, фолна киселина и витамин Ц. Помага за намалување на крвниот притисок и ги чисти артериите.

Кељ

Кељот е еден од најздравите зеленчуци на планетата. Познат е како еден од најдобрите природни извори на витамин К кој ги штити крвните садови од штетниот ефект на калциумот. Редовната консумација на кељ помага за нормализирање на крвниот притисок и намалување на нивото на холестерол.

Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници кои се природни лекови против атеросклероза.

Сподели: