7 најдобри природни лекови за ПМС 1

7 најдобри природни лекови за ПМС

Многу жени знаат дека со годините симптомите на ПМС се влошуваат и дека станува се потешко да се излезе на крај со нив. Добра работа е тоа што некои ситни промени во исхраната и неколку суплементи, може да направат голема разлика. Еве каков водич за помош со природни лекови за ПМС ви припремивме.

Недела дена пред да добијат менструација, кај жените нивото на прогестерон и естроген расте рапидно и во тоа време се чувствувате лошо, незадоволно, ве нервира секоја ситница, се чувствувате надуено, а градите ве болат и на најмал допир. Постојат повеќе природни лекови за да се изборите со овие симптоми. Можеби нема во потполност да исчезнат, но значително ќе се подобрат.

7 најдобри природни лекови за ПМС 2

Исфрлете ја индустриски преработената храна во овие денови

Многу лекари советуваат дека во текот на ПМС периодот треба да ја избегнуваме храната по која најчесто посегнуваме во овој период. Тоа ќе влијае позитивно и на физичките и на психичките симптоми.  Слатките влијаат на нивото на шеќер во крвта што предизвикува промени во расположението, а преработената храна е богата со сол и влијае на работата на хормоните.

Јадете повеќе зелен листест зеленчук

Повеќето жени во репродуктивниот период патат од недостаток на железо во крвта, а тоа може да влијае на симптомите на ПМС. Истражувањата покажале дека консумирањето на храна која е природно богата со железо има позитивно влијание на промените и расположението. Затоа, јадете почесто кељ, спанаќ и блитва.

Вежбајте редовно

Ако се придржувате до својата фитнес програма и вежбате најмалку 30 минути, пет пати неделно, ПМС симптомите сигурно ќе бидат послаби. Иако може да ви звучи како невозможна мисија, но зголемувањето на интензитетот на вежбање во време кога треба да добиете менструација ќе помогне.

Земајте суплементи

Постојат разни витамински суплементи кои позитивно делуваат на симптомите и не треба да ги избегнувате доколку имате поизразени проблеми. Но, најдобро на оваа тема е да се консултирате со вашиот лекар и да ви препорача што е најдобро за вас.

Б6 и магнезиум

Магнезиумот и Б6 витаминот влијаат позитивно на хормоналниот дисбаланс, а најдобро е да ги земате во комбинација едното со другото.

Витамин Д

Докажано е дека витаминот Д има значајно влијание на имуниот систем, но и на сите хормони воопшто.

Омега 3 масните киселини

Антивоспалителните својства на рибиното масло може да ви помогнат во ублажување на грчевите, а познато е дека го регулираат и нивото на шеќер во крвта, што влијае на промени на расположението.

Ви препорачуваме да прочитате: Со правилен избор на храна против ПМС.

Сподели: