херпес 1

7 природни лекови кои помагаат при херпес на усните

Стрес, настинка, прекумерно изложување на сонце или студ, грип се дел од причините кои може да го активираат вирусот херпес. Доколку еднаш се заразите со вирусот херпес симплекс, вие станувате негов носител целиот свој живот. Тој живее во нервните клетки и може повторно да избие кога постои причина за да го активира.

Овој вирус создава непријатни, мали, болни меурчиња полни со течност на усните. Постојат различни производи кои помагаат во лекувањето на херпесот на устата. Но, исто така ефикасни се и природните состојки, кои успешно се справуваат со овој вирус.

Мраз

Доколку почувствувате дека херпесот се активирал, земете коцки мраз и нанесете ги врз устата. Идеални услови за раст на херпес вирусот е влажна и топла средина. Затоа, ставете коцки мраз врз штотуку појавениот херпес и спречете го неговото ширење.

Паста од пченкарен скроб

За да го намалите времето на херпесот на вашата уста, нанесете паста од пченкарен скорб која ќе го забрза неговото сушење. За да ја направите оваа паста, измешајте 1 лажица пченкарен скроб и 1 лажица вода. По потреба додајте уште вода. Нанесете ја пастата навечер, пред легнување.

Сол

Навлажнете го прстот, а потоа земете сол. Нанесете ја солта врз херпесот и нежно притиснете околу 30 секунди.

херпес

Прополис

Прополисот има антибактериски, антивирусни и антифунгални својства. При појава на херпес се препорачува да користите маст или капки од прополис, кои треба да ги нанесете пет пати во текот на денот на зафатените места.

Млеко

За да ги намалите болните меурчиња на устата, ќе ви помогне млекото. Земете памукче и потопете го со 1 лажица ладно млеко. Ставете го памукчето врз херпесот за време од неколку минути.

Лук

Земете едно чешне лук и пресечете го на половина. Со него премачкајте го херпесот. Повторувајте го тоа неколку пати во денот.

Камилица

Врз херпесот, нанесете тинктура од камилица, неколку пати во текот на денот. Или направете чај од камилица, испијте го, а кесичката ставете ја врз херпесот.

Како вие се справувате со појава на херпес? Знаете ли добар природен лек?

Сподели: